Одмор кој нема да ве чини ни денар
Ако мислите дека менталниот одмор не е ништо во споредба со егзотично патување во лето, размислете повторно. Честите ментални одмори се клучни за реставрирање на емоционалната благосостојба. Еве три есенцијални совети кои ќе ви помогнат да го откриете сопственото ментално патување.
1. Повеќе време за себе
Презафатени сме со исполнување на туѓите желби што сосема забораваме на сопствените. Подзастанете пет минути и размислете за сопствените желби и идеи и сфатете го тоа како депозит кој го вложувате во бакна од кој сите пријатели ќе имаат корист.
2. Не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието
Брзото темпо на живеење направи да биде нормално да работиме повеќе работи во исто време, да бидеме на повеќе места за неколку часа, да комуницираме со мобилни уреди… Од време на време, откачете се од компјутерот и ајфонот: исклучете ги (или ставете ги на тивко) и направете го она што долго време сте го одолговлекувале.
3. Предадете им се на сопствените сетила
Затворете ги очите и замислете си некоја ситуација која ќе предизвика насмевка на вашето лице. Тоа може да биде плажа, планина или дворот преполн со најблиските пријатели. Потоа, обидете се да го помирисате тоа што го замислувате (морската вода, планинската река, скарата во дворот). Помирисајте, слушнете, видете… се тоа со затворени очи. Така ќе ја создадете најубавата сцена која ќе ви предизвика внатрешен, ментален и емотивен мир. Тоа спокојство не може да се купи со ниедни пари на светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.