Лекции на кои нè научил животот
Понекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.
1. Поминувајте повеќе време со луѓе кои можат да ве насмеат и помалку со оние од кои чувствувате притисок дека треба да ги импресионирате.
2. Никогаш не кажувајте му некому дека соништата не можат да му се исполнат. Ќе изгледате како будала кога ќе ви докаже дека сте биле грешка.
3. Смејте се на глупави вицови, извинувајте се и кажувајте му на некого колку ви значи во животот. Тоа се мали моменти кои го прават животот голем.
4. Животот е многу поубав кога ќе престанете да се обидувате да бидете кул и ќе се фокусирате да бидете свои.
5. Премногу често ги осудуваме луѓето врз основа на првиот впечаток или недоволно информации. Наместо да ги осудуваме за она што го прават и она што се, треба да најдеме начин да сфатиме зошто го прават тоа и како стигнале онаму каде што се сега.
6. Доколку сакате да се чувствувате дека сте богат/а, сетете се на сите нешта кои ги имате, а кои парите не можат да ги купат.
7. Колку повеќе се познавате себеси, толку подобро ги разбирате другите.
8. Не ви е потребен голем број пријатели, туку само онолку во кои можете секогаш да бидете сигурни.
9. Луѓето на кои им е судено да бидат заедно, порано или подоцна ќе си ги вкрстат патиштата.
10. Жалењето за нешто е како да си удрите шлаканица затоа што сте си удриле шлаканица. Не го решава проблемот, туку само повеќе боли.
11. Никој не е 100% сигурен кога му се укажува нова прилика. Затоа големите можности во животот ни помагаат да пораснеме и емоционално и интелектуално.
12. Без разлика колку многу ви е скршено срцето, светот не застанува. Утредента сонцето повторно ќе огрее.
13. Научете да ги приспособувате вашите едра во животот на непредвидливи ветрови, притоа задржувајќи го фокусот на целта. Пловете сè додека не стигнете таму.
14. Трошете помалку отколку што заработувате.
15. Кога ви се чини дека немате ништо, некој има уште помалку. Пронајдете ги таквите и помогнете им, ќе дознаете зошто.
16. Негативноста носи уште поголема негативност. Кога се фокусирате само на негативното, очигледно само тоа и ќе го гледате.
17. Никогаш немојте да се каете. Доколку се случило нешто добро – супер. Доколку се случило лошо, тогаш тоа е ново искуство.
18. Зафатеноста и продуктивноста се сосема спротивни нешта.
19. Морате да создавате и да барате можности. Можностите и приликите во животот нема сами да ви затропаат на врата. Морате да ја преземете иницијативата во свои раце и да вложите дел од себе.
20. Кога поминувате подолго време грижејќи се за нешто, едноставно само ја употребувате имагинацијата за да ги создадете нештата кои не сакате да ви се случат.
21. Сите луѓе имаат проблеми. Само што некои знаат подобро да ги сокријат од други.
22. Во ред е да бидете лути и бесни, но не и да бидете сурови.
23. Кога двајца соработуваат наместо да се натпреваруваат, можат да постигнат многу повеќе отколку двајцата поединечно.
24. Без разлика како нешто ќе заврши, секогаш излегува како што требало да биде.
25. Не постои работа во која нема ризик.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
100 % taka e
PODOBRO DA SONUVAME
Убаво, навистина од 1 до 10… ДЕВЕТКА (заради грешките) 🙂
Me mrzi da gi citam site ama za 9)
Na nikogo nisto ne mu e sudeno, sekoj sam si sudi, gubi ili dobiva uste ne e dokazano deka postoi gospod za da se veruva vo slucajnosti, sudbini, srekji