Како да се облекувате како Chuck Bass?
Автор: Д. Џ.
Чак Бес (Chuck Bass). Доволно е кажано. Една од поголемите причини зашто „Озборувачка“ (Gossip Girl) е омилена серија на голем број девојки ширум светот. Настрана неговата природна убавина и шарм, Чак Бес го поседува оној стил кој го прави уште попрекрасен.Стилот и облеката се нешта кои секој од нас може да ги модифицира и менува со времето. Но, доколку сакате вашиот стил да го приближите до оној на Чак Бес, склопивме неколку совети со кои ќе ви помогнеме да го направите тоа.Кога сте Чак Бес, секојдневното никогаш не значи безгрижно. Без разлика дали го поминувате времето во некој ресторан, кафуле или низ дома, секогаш треба да изгледате беспрекорно средено и сѐ да ви биде „под конец“.
.
1. Костимот на Чак Бес
Една од неговите три омилени работи, покрај девојките и префинетите алкохолни пијалаци, е класичниот костим. Тоа е првото нешто што секој од нас го забележува кај Чак. Додека тој своите костими ги носи на најкласичниот начин, вие можете со малку имагинација вашето класично палто да го искомбинирате со фармерки, штосна маичка и интересни чевли.
2. Слоеви, слоеви, слоеви
За постигнување на поинтересен изглед и подобро изразување на вашиот стил и вкус, облекувајте се во слоеви. Тоа го прави Бес. Погледнете на сликата подолу како интересно ги има искомбинирано темно црвените пантолони со темната боја на неговите сини превиткани ракави од палтото. Оваа интересна игра на јаки бои не делува нападно затоа што ја има искомбинирано со бледите бои на неговата кошула, џемпер и палто. Сѐ е толку добро склопено што во ниеден момент не делува како „премногу“.
3. Во линии
Чак можеби е класичен, но тоа е секогаш со интересни детали кои класичното го прават да биде сé само не здодевно. Бес ги обожува своите палта, кошули и пантолони во линии. Пробајте и вие.
4. Стара Школа (Old School)
Многу пати за изгледот на Чак да биде тоа што е, тој е интересно комплетиран со модните додатоци без кои не би било тоа-тоа. Погледнете како на оваа слика изгледот е воден од неговиот интересен шешир, чевли во стилот на 40-тите години од минатиот век и палто во истиот тон.
5. Играјте си со боите
Секогаш е полесно и поздодевно да се придржувате до црната, белата и другите „обични“ бои кога станува збор за дефинирање на вашиот изглед. Бидете креативни и не бидете ограничени при изборот на бои.
6. Препознатливата марама на Чак
Секој кој е познат по неговиот интересен, добар стил на облекување има препознатливо парче. Кај Чак тоа е неговата марама. Кај вас тоа може да биде некоја интересна шапка, вратоврски и ред други работи од кои можете да избирате.
7. Ракавици8. Фризура во стилот на 60-тите9. За да го комплетираме изгледот на Бес…
Најбитното што го прави стилот на Чак толку препознатлив и единствен е начинот на кој тој ги носи своите парчиња. Изреката „не е важно што носиш, важно е како го носиш“ можеби станува клише, но ќе остане прво правило во светот на модата. Бидете сигурни во себе, движете се гордо и исполнети со самодоверба.
Ahhhh… go sakam Chuck 🙂 Shteta shto e izmislen lik 🙂
eee pa batevo sho i da stavi na sebe ke sedi…ne sedat vakvi raboti na sekoj..epten e seksi <3
odlicno 🙂
mozhe da napravite isto i za Nate Archibald?
Ah, Chuck !♥ Napravete i edno za Blair Waldorf 🙂
Имаме http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-se-oblekuvate-kako-blair-waldorf/ 🙂
Ниту серијата, ниту ликот на Chuck не се тоа што беа… Штета.
ed westwick <3333333