Глупави ситуации кои му се случуваат секому

Глупави ситуации кои му се случуваат секому

На секој од нас, секојдневно му се случуваат пријатни, но и непријатни, па дури и смешни ситуации. Но, додека траат воопшто не ви е смешно, бидејќи ви се случува вам, а не на некој друг. Како и да е, откако ќе пројде ситуацијата, насмевнете се, бидејќи навистина е смешна и сетете се дека такви работи им се случуваат на сите луѓе. Прочитајте ги следниве ситуации кои ви се случиле или сте слушнале дека на некој друг му се случиле, а потоа споделете некое ваше „интересно“ искуство. 🙂

Глупави ситуации кои му се случуваат секому

  • Во бутик ги облекувате панталоните кои ви „фатиле око“ и притоа сфаќате дека ви се точни само до колена.
  • Малку сте напнати и нервозни, но не сте сигурни зошто.
  • Од подалеку здогледувате дека семафорот свети зелено и радосни стискате на гас за да „го фатите“, но токму пред него, светлото се менува во жолто и морате нагло да закочите.
  • Одите по улица, го здогледувате вашиот симпатија, поради кој не можете да спиете навечер и во тој момент пресмешно се сопнувате пред неговите/нејзините очи, поради што се чувствувате како најголем идиот на светот.
  • Одите на депилација, плаќате и си одите дома. Таман кога планиравте да ù се радувате на мазната кожа, сфаќате дека козметичарката утнала 2 квадратни сантиметри влакна.
  • Гладни и препотени чекате повеќе од 45 минути ред во банка и тогаш доаѓа некоја бабичка и ви вели дека е стара и изморена и ве замолува да се „протне“ пред вас во редот, а вие сте премногу културни за да ја одбиете.
  • Се разминувате со пешак на патека и тргнувате првин налево, па надесно, не знаејќи на каде ќе се упати другиот и додека да трепнете сфаќате дека силно се удирате во него.
  • Одите да го купите вашиот омилен сладолед во продавница и гледате дека друг купувач го зема последниот пред вашите очи.
  • Комуницирате со некого на интернет. Возбудени пишувате цел параграф и без да погледнете во екранот стискате ентер. После кратко време сфаќате дека сте направиле „фатални“ печатни грешки, поради кои на соговорникот ќе му биде потребен толкувач за да разбере што сте му пишале.
  • Имате уште малку пари во вашиот паричник, но морате некаде да стигнете најбрзо што можете, поради што фаќате такси. 2 километри пред посакуваната дестинација, сфаќате дека морате да се симнете од автомобилот, бидејќи немате доволно пари за да платите.
  • Радосни што сте си купиле нови модерни хулахопки, излегувате на кафе и станувајќи од столчето ги расцепувате на острото ќоше.
  • Шетате низ полна дискотека и некој случајно ја „гаси“ цигарата од вашата рака и додека сте во силни болки ви вели: „Извини многу! Ај па ќе си фатиш момче/девојка.“
  • Брзате некаде и кога стигате до посакуваната дестинација, излегувајќи од автомобилот, ја заклучувате вратата, тргате, се вртите назад и сфаќате дека не сте ги затвориле прозорците.
  • Многу сте жедни, поради што силно го натегнувате шишето Спрајт, кое го пронајдовте дома во фрижидерот. Притоа сфаќате дека пиете студена вода, наточена од чешма.
  • Некој ве прашува зошто сте толку тивки денес, а вие не можете да смислите реален одговор.
  • Прегладнети едвај чекате да гризнете од големиот сендвич, кој штотуку си го купивте и притоа ви капнува кечап на вашите бели панталони.
  • Конечно надвор преврна и можете да излезете на раат од дома. Правејќи ги првите неколку чекори надвор од вашиот дом, стапнувате на полжав.
  • Вашиот шеф ви пишува службен имејл во недела навечер и вие сфаќате дека викендот штотуку ви завршил.
  • Сте стапнале на кучешки измет и долго време не сте биле свесни дека вие сте смрделе цело време.
  • Си шеткате и свиркате на улица и притоа забележувате мртво животинче до вас, кое ви го уништува доброто расположение што пред малку го имавте.
  • Конечно се спремивте наутро на време за на факултет/работа и откако ја заклучивте влезната врата од вашиот дом, се присетувате дека го заборавивте мобилниот телефон во кујната.
  • Се будите совршено одморени и после пет минути сфаќате дека на десет места сте каснати од комарец.
  • Ја слушнавте песната „Макарена“, првпат после долго време и не може да престане „да ви пее во главата“ цел ден, а вам никогаш не ви се ни допаѓала.
  • Со вашето ново момче/девојка седите на клупа под сенка и романтичните моменти ги прекинува гулабот, кој врши измет на вашата коса. Ако имате среќа, момчето/девојката ви вели дека тоа значи дека ќе ви пристигнат пари.
  • Сте викнале дома друштво, за да гледате некој премногу интересен филм, но притоа морате да го паузирате на секои пет минути, бидејќи на гостите премногу им се прави муабет.
  • Излегувате од дома и доаѓате до констатација дека заборавивте да ставите антиперспирант после туширање, а надвор е 35 степени Целзиусови.
  • Некој ваш пријател ви вели дека многу му личите на некоја филмска/музичка ѕвезда, која вам ви е многу антипатична.
  • Рано наутро имавте неодложна обврска, но се успавте бидејќи кога ви заѕвонел алармот, наместо „snooze“, сте притиснале „cancel alarm“.
  • Ви мрда очен нерв цела недела, а тоа чувство ви „гази по нерви“.
  • Шефот планира да ви даде отказ од работа и откако тоа ќе се случи, дознавате дека сите во канцеларијата знаеле, освен вие.
  • Одите на летен одмор и пресреќни се нурнувате во вода, а притоа констатирате дека вашиот нов, убав костим за капење се проѕира.
  • Во маркет налетувате на некој познаник, со кој ви е незгодно да одите да се поздравите, па му се насмевнувате од далеку и набрзо повторно се сретнувате, барајќи производ на истата полица.
  • Ја читате целата оваа листа глупави ситуации кои му се случуваат секому, додека треба да сработите некоја попаметна работа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. kapsa88 Reply

    poslednoto e zakon…………………….:)))))))

  2. gking Reply

    Во врска со последното… па и немам некоја попаметна работа штом го читам ова 🙂

  3. alachica Reply

    Imam i toa kolku bitna rabota za pravenje, tuku.. neli sme na pauza?

  4. Мона Reply

    хахаха јаки сте 😀

  5. Sar4e Reply

    E bas i nemam popametna rabota stom sum pred PC i ja citam statijava…

  6. ivan Reply

    ‘za toa so gasenjeto na cigarata, i mene mi izgasnaa cigara i jas vo momentot se iznervirav i toj mi vika Zenska ke si fatis 🙂 i jas mu vikam epa ako e taka uste 5 cigari izgasimi 😀 🙂 🙂 🙂

Остави коментар