Ден од животот на една манекенка
Позната е париската модна недела која се одржува секои шест месеци во срцето на Франција, во главниот град Париз. Таа е дел од четирите најпознати модни недели заедно со оние кои се одржуваат во Лондон, Милано и Њујорк. Париската модна недела е гламурозна за гостите и гледачите, но за многуте манекенки кои треба да ја презентираат облеката што ја носат најдобро што можат, модната недела е задоволство и стрес во исто време.Запознајте ја Џули Санер. Таа е 18 годишна девојка, родена во Швајцарија. Оваа манекенка ја застапува познатата модна агенција Elite Model. Погледнете како изгледа еден нејзин ден токму за време на модната недела во Париз.