5 невообичаени примени на пастата за заби
Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент.
1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите
За овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете.
2. Отстранете ја лошата миризба од рацете
Доколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби.
3. Светнете го ѓонот на патиките
Земете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови.
4. Исполирајте ги изгребаните дивидија
Стиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив.
5. Избистрете ги вашите очила за пливање
Пребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти.
За што друго вие ја имате употребено пастата за заби?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Za sushenje na bubulici 🙂
toa mnogu ispesno
Кога бев на екскурзија ја користев за пастирање на моите “другарчиња” и ја користам за да се маскирам во индијанец!
za herpesi na usta pastata e zakon ……a zakon treba da se pocituva
Исто може и за избелување на ноктите да се користи..;)
За убоди од оса.
pastata za zabi moze da se koristi i za cistenje na friziderot odnosno pokrajot na vratata
za cistenje na grebanici na avtomobilot…
Moze da se koristi i za fleki na alista,tepih isl…
Pastata za zabi e za mienje na zabite ako stanuva zbor za pasta za zabi de sepak 🙂
ova go znam odamna,osven za ovie raboti koi se gorenavedeni koristi i za suveniri koi se od metal,se trie metalot so pasta za zabi i ne se plakne..togas toj sveti kako nov 😉
so pasta za zabi moze da se izbrisa srebreniot pribor za jadenje,
Пастата за заби може да се користи и за бришење на фломастер/маркер од дрвени повржини.