15 начини да кажете „благодарам“

15 начини да кажете „благодарам“

Како им се заблагодарувате на вашите пријатели? Дали го правите тоа често, повремено или немате таква навика? Има многу начини да кажете „благодарам“ за да возвратите за услугата или едноставно да покажете дека сте тука за вашите пријатели.

Големо или мало, кога благодарам е изразено со искрени чувства и на креативен начин, може да направи блиските околу вас да бидат посреќни. Не се ограничувајте на овие, но како идеја за почеток, еве 15 креативни начини да кажете благодарам.

15 начини да кажете „благодарам“

1. Старомоден начин

Можеби мислите дека би било старомодно, но навременото кажување благодарам може многу да им значи на вашите блиски. Можете да им напишете кратка порака на ливче кое ќе го залепите некаде каде што очекувате дека ќе можат го видат.

2. Фотографија којашто кажува сè

Кога некој ќе направи нешто за вас, радоста и задоволството на вашето лице може да зборува и повеќе од зборовите. Фотографирајте го вашиот задоволен лик и испратете ја фотографијата заедно со некоја кратка белешка.

3. Јавна благодарност

15 начини да кажете „благодарам“

Луѓето ретко оддаваат јавно признание за нечија добра работа или за направената услуга. Кажувањето благодарам во друштво на вашите заеднички пријатели е убав начин да се заблагодарите.

4. Храна во знак на благодарност

Можеби ви делува многу американски да испечете колачиња, торта или некои интересни грицки за вашите пријатели кои ви помогнале за нешто, но тоа не значи дека е недозволиво да се примени оваа тактика и во наши услови.

5. Вратете со иста мера

Кога некој ќе ви направи услуга, најчесто тоа го прави во знак на добра волја и бидејќи сите ние, длабоко во себе имаме потреба да им помагаме на другите. Иако веројатно нема да очекува враќање на услугата, имајте на ум дека ова можете да го направите за пријателот кој ви се нашол во ситуација кога навистина ви бил потребен.

6. Бидете тука за него/неа

Кога вашиот пријател се наоѓа во тешка ситуација, ставете му јасно до знаење дека секогаш ќе бидете тука за него. Во вакви ситуации, особено е важно да слушате. Кажете им благодарам со отстапување на време и простор за тие да зборуваат.

7. Подарете цвеќе

15 начини да кажете „благодарам“

Цвеќиња кај нас се подаруваат за 8 Март и на девојките кои треба да бидат освоени. Запомнете дека цвеќе можете да им подарите на блиските и пријателите секогаш кога сакате да им покажете дека ви е грижа за нив, особено кога имате причина за нешто да им се заблагодарите.

8. Смислете креативен начин

Постојат многу начини да кажете благодарам. На пример, снимете си го сопствениот глас додека кажувате благодарам на неколку странски јазици. За да се подготвите за ова, ќе ви треба брз курс за странски јазици.

9. Искрена прегратка

Потрудете се искрено да ги гушнете пријателите за да им покажете дека го цените она што тие го направиле за вас. Ако ги внесете вашите емоции во прегратката, ова може да биде сосема доволно.

10. Подарок кога најмалку очекуваат

15 начини да кажете „благодарам“

Иако веќе сте кажале благодарам на друг начин, не е лоша идеја понекогаш да подарите нешто симболично и да ги изненадите оние кои дале нешто од себе за да ви помогнат, и тоа тогаш кога најмалку би очекувале.

11. Не претерувајте

Како што некои луѓе имаат проблем да кажат благодарам, така има и такви кои не реагираат соодветно кога некој ќе им покаже знак на благодарност. Гледајте да го изберете вистинскиот начин за секоја личност. Не претерувајте.

12. Писмо за благодарност

Ова е постаромоден метод и од старомодната белешка, но би било храбро доколку се одлучите за оваа варијанта. Дополнително, писмото напишете го рачно на хартија. Имејл порака со ваква содржина едноставно не е баш соодветен начин на заблагодарување.

13. Дигитална благодарност

Ако веќе не сте за традиционалните начини, тогаш испратете некоја забавна електронска картичка во знак на благодарност и гледајте таа да му стигне на вашиот пријател наутро. Зар не би било убаво да знаете дека сте предизвикале насмевка на лицето на вашиот пријател уште на почетокот на денот!?

14. Подарете време

15 начини да кажете „благодарам“

Времето е многу драгоцена работа за сите, без разлика на обемот на обврските. Кога сакате да покажете дека сте благодарни, понудете го вашето време како услуга за возврат. Можете да му ги чувате децата на вашиот пријател, да појдете во банка со неговите сметки или да ја земете неговата кола од сервис и да му ја паркирате пред зградата каде што живее.

15. Едноставно благодарам

Можете да изразите благодарност со само еден збор. Нема потреба од поезија и паметни мисли. Едноставноста на зборот и искрените чувства се повеќе од доволно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Lilijana Reply

    Fino…. dobro sto na nekoj mu teknuvaat i vakvi sekojdnevni raboti, neophodni, uctivi, kulturni, kako sto lici na sekoj covek, a ne da se slusaat samo prostotii….

Остави коментар