Загатка: Пронајдете ги шесте разлики
Повторно празници! Уште не сме се измориле од Велигденските празници па навака и оп – дојде 1 мај. Денешниов празник сигурно го поминувате некаде на пикник, со скара и пиво, а ние ви пожелуваме да имате одличен помин со вашето друштво. Кога ќе се вратите истоштени од многу јадење, одморање и забавување и не знаете како да ги потрошите вишокот калории кои сте ги внеле, занимавајте се барајќи ги шесте разлики на двете навидум идентични сцени, се разбира доколку прво добро се истрениравте со претходната загатка која ја објавивме.
Пронајдете ги шесте разлики помеѓу двете навидум идентични сцени и кликнете (на левата или десната страна) кога ќе воочите нешто нееднакво. За да преминете на следното ниво, морате прво да ги обележите сите пет разлики. Сцените изгледаат многу реално, а музиката и по малку хорор ефектите, ја покренуваат возбудата во текот на играта. Со среќа! 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
i ovoj pat site gi pominav :)))
Krajot e najdobar
го поминав 🙂
Интересна игра, убава опција за тепање досада. И да, и јас ги поминав сите 🙂
Поминав за скоро 1 минута… има уште некоја ваква игра?? 🙂
Има да, загатката со 5 разлики http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/zagatka-pronajdete-gi-pette-razliki/