Претходно
Што сè имаме научено од филмовите
Датум: 02 авг 2011
Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.
- Чесните и работливи полицајци секогаш загинуваат три дена пред да одат во пензија.
- Колку и да е гужва во барот, секогаш има празно место пред шанкерот, кој цело време брише чаши и чека некој да нарача пијачка.
- 1 милион долари во кеш секогаш пополнуваат точно една актовка.
- Мајките секое утро приготвуваат јајца, сланина и свежо цеден сок од портокал, но мажот и децата секогаш имаат време да се напијат само по една голтка од сокот.
- Кога некој се вози со такси, не ни погледнува колку откуцал таксиметарот, туку веднаш посегнува по првата банкнота која се наоѓа во паричникот и плаќа, притоа не чекајќи го ни кусурот.
- Доколку доволно добро се потрудите, можете со трчање да избегате од експлозија.
- Со едно фрлено шкорче на земја, може да се запали цела зграда голема колку стадионот „Вембли“.
- Секогаш можете да се паркирате пред зградата кон која сте се упатиле.
- Детективот секогаш го решава случајот кога е суспендиран од страна на својот претпоставен.
- Ајфеловата кула се гледа од кој било прозорец во Париз.
- Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
- Секогаш кога некој во рацете има ќеса со намирници, во неа мора да има барем еден француски багет.
- Автомобилите и камионите кои ќе се удрат некаде, скоро секогаш експлодираат.
- Еден човек сам има поголеми шанси да утепа 20 луѓе кои пукаат кон него.
- Вентилацијата во зградите се секогаш перфектно чисти, само може да налетате на некој стаорец.
- Преку кој било компјутер можете да го пробиете системот на американската тајна служба.
- Со каква било шнола можете да се ослободите од полициски лисици.
- Бомбите секогаш се деактивираат пред истекот на последната секунда.
- Колку силно и да трчате низ шумата, убиецот секогаш ќе успее да се најде пред вас.
- На жените кои се наоѓаат сами во куќа, а надвор има невреме, најчесто нешто лошо ќе им се случи.
- Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
- Кога две лица од спротивен пол, од самиот старт не можат да се поднесат, на крајот на филмот ќе завршат среќно заљубени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
* Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
Всушност, со американските врати, тоа е возможно (веќе пробано кога го немав клучот со мене).
* Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
И ова има смисла, кога ќе се најдеш во страшна тепачка или сл., нивото на адреналин расте, а покаченото ниво на адреналин го штити телото од болка.
Во моментот кога адреналинот ќе опадне, повторно се враќа чувството за болка 🙂