Изнајмете го островот во форма на срце
Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.
До него лесно се пристапува со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости. Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, а за тие пари ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.Во вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ритрит – сигурно постои соодветен збор на македонски јазик
Кај нас се користи овој. Кој би бил посоодветен?
се користел, како па да не…. што му фали на прибежиште, или во контекстов одмор или бегство?
Ели, нема потреба од нервози. Зборот се користи во средини кои имаат потреба да го користат, како фирми и компании кои организираат вакви настани за вработените. И во тој случај, не значи ниеден од предложените зборови, посебно бидејќи повлекувањето подразбира и работа, не само одмор и бегство од секојдневието.
што мора секогаш да се фаќате за ситници? аман! читај убави постови и не се замарајте со глупости! – има други веб портали на кои треба да се обрне сериозно внимание во однос на начинот на пишување и граматиката. ајде, ви се молам!
пс. последната реченица во коментарот ми е со мала буква. некој коментар, можеби???
Бидејќи ние немаме збор РИТРИТ во македонскиот јазик, мислам дека граматички (не сум најсигурен) треба да се напише оригинално на англиски и притоа ако има потреба, во заграда да се објасни на што се мисли.
eve odma go iznajmuvam, so parive
Глупости.
Ритрит не постои во нашиот јазик и сигурна сум дека не се користи во ниедна компанија.
Друго нешто многу важно.. сте пишале: Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари … НЕ Е ТОЧНО!
Во висока сезона цената за од 1 до 8 гости е 8900 долари (значи без разлика дали за една личност или за 8) а во нормална сезона 7900 долари.
HiGH SEASON
Number of Guests Daily Rate
1-8 Guests $8,990
9 $9,990
10 $10,990
11 $11,990
12 $12,990
13 $13,590
14 $14,190
15 $14,790
16 $15,450
17 $15,790
18 $16,190
19 $16,550
20 $16,890
21-22 From $16,890
http://makepeaceisland.com/RATESANDBOOKINGS.aspx
Тоа се детали, а не грешка. Зборот, со гаранција се користи во работна средина, иако не е официјално влезен во македонскиот јазик… впрочем како и многу други зборови. Благодариме за линкот. Ако некој планира да се одмара не срцево, сега има подетални информации за изнајмувањето 🙂