Бесценети цитати за животот

Бесценети цитати за животот

Тешко е да се живее според правила. Некако полесно е да се создаваат, отколку да се почитуваат. Но, некои паметни луѓе, кажале некои мисли, кои, ако ништо друго, барем не инспирираат да искористуваме повеќе од животот и не потсетуваат на неговите вистински вредности. Одбравме 13 кои нам ни се допаднаа, но вие слободно споделете ги вашите животни мота преку коментари.

Бесценети цитати за животот

1. „Во животот си успеал тогаш кога сè што сакаш е сè што ти е потребно.“
– Вернон Хауард

2. „Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран.“
– Конфучие

3. „Многумина од нас го губат половина од своето време посакувајќи работи кои би можеле да ги имаат кога не би го потрошиле половина од времето на посакување.“
– Александар Вулкот

4. „Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.“
– Букер Т. Вашингтон

5. „Има право да критикува оној кој има срце да помага.“
– Абрахам Линколн

6. „Најгорливата болка е да се препознаеме себеси како единствена причина за сите наши неволји.“
– Софокле

7. „Можете да одредите колку се луѓето самоуверени слушајќи го она што не го кажуваат за себе.“
– Брајан Џ. Џет

8. „Во средината на тешкотијата, лежи можноста“.
– Алберт Ајнштајн

9. „Мора да ја искористиме болката за да ја согориме како гориво за нашето патување.“
– Мијазава Кенџи

10. „Искуството е она што го добиваш кога не го добиваш она што го сакаш.“
– Непознат автор

11. „Не обвинувај никого. Не очекувај ништо. Прави нешто.“
– Бил Парселс, мото на американскиот рагби тим Њујорк џајантс

12. „Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?
– Сидни Херис

13. „Губитникот никогаш не победува, а победникот никогаш не се откажува.“
– Наполеон Хил



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nikola Reply

    10.

  2. A.Westwick Reply

    „Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?

Остави коментар