Аматерски фотки на познатите на Твитер
Наспроти грижата за квалитетно извршување на професијата, градењето добар имиџ, шминката, облеката, добрата комуникација со публиката и сите обврски кои се дел од гламурозното секојдневие на светските ѕвезди, сепак и тие имаат приватен живот, па дури и моменти на досада, кога едноставно сакаат да бидат свои, природни, онакви какви што навистина се, а не какви што папараците сакат да ги „уловат“ со фотоапаратите за да ги објават на насловните страници. Таквите моменти тие сепак сакаат да ги споделат со нивните фанови, со цел тие подобро да ги запознаат или пак за да ја одржуваат нивната популарност на врвот. Погледнете ги сликите кои тие ги споделиле со светот на нивните Твитер профили, кои се интересни токму поради нивната спонтаност и природност.
Дали Ријана можеби има далечна сестра близначка? Музичката ѕвезда реши да ја објави оваа слика на нејзиниот Твитер профил, каде што позира со нејзината восочна фигура која беше поставена во восочниот музеј Мадам Тисо во Вашингтон на 31 август 2010. Восочната Ријана неверојатно многу личи на вистинската Ријана. Среќа што оваа вторава има нов изглед со нејзината светло црвена боја на коса, благодарение на која можеме да идентификуваме која е која.
Можеби Џесика Симпсон е ниска, но со оваа фризура таа навистина достигнува „нови височини“. „Еј @JessicaSimpson имаш убава нова фризура во 2011“- твитна нејзиниот публицист на 8 јануари.
„Кратко позирање после ручек.. и ѕирнете во позадина! ;)“ – Твитна Џенифер Лопез на 6 јануари, заедно со фотографијава на која таа позира пред огромен билборд со нејзината реклама за Gucci.
Изгледа Деми Мур и Ештон Качер навистина уживаат во нивното патување. „Мало потскокнување во Египет“ – твитна госпоѓа Качер на 15 декември 2010.
„Смачкувам автомобили од мојата хотелска соба“ – твитна холивудската актерка Џесика Алба на 12 декември 2010.
Лејди Гага конечно си најде другарчиња кои се облекуваат откачено како неа. „Бакнете ја кралицата“ (KISS the Queen) – твитна таа на 21 август 2010.
Изгледа на некого му треба пилешка супа. „Уморен сум и се чувствувам како ѓубре денес. Сакав да го споделам ова така што најболните меѓу нас, ќе се почувствуваат подобро споредувајќи се“ – твитна Џим Кери на 19 октомври.
Бабински очила, забна протеза и неверојатно смешна фаца е фотографираниот имиџ на поп-дивата Кети Пери, кој таа решила да го сподели на Твитер на 9 август. „После еден тон забава на доделувањето на наградите „Избор на тинејџерите“, отидов за Австралија!!! : ) – напиша таа.
Ева Лонгорија ја покажува нејзината покер-фаца на хуманитарниот турнир во покер. Победувам!… – твитна таа на 3 октомври.
Кристен Бел е „мајстор“ за пронаоѓање нови пријателчиња додека е на одмор. „Денес бев на плажа заедно со мојот пријател Рејзин-козата“ – твитна актерката на 25 јули.
Дали девојката која ја обожава лудата забава можеби започнува некаков нов тренд? „Ова се навистина огромни обетки! Хаха!“ – напиша на Твитер богатата наследничка Парис Хилтон.
„Време е за капење“- твитна тетка Ким Кардашијан на 5 октомври додека и помага на нејзината постара сестра Кортни, околу нејзиното весело и насмеано 10-месечно синче.
Бандата од ТВ серијата „Очајни домаќинки“ покажуваат дека знаат како да се забавуваат во текот на снимањето. „На снимање со девојките! Ја обожавам мојата работа! Ви благодарам што гледате ОД!… – Ева Лонгорија Паркер твитна на 27 октомври.
„Слика направена при почетокот на возењево. Ох Господе! АААХ! Колку е бистро и колоритно! АААААХ! (липам) Толку е убаво!“ – напиша интересниот лик Ниел Патрик Херис на 20 јули на Твитер. Твитот се однесува на срамотното видео на Јутјуб т.н. „Момчето со дуплото виножито“. (Double Rainbow Guy).
По сè изгледа и кошаркарската ѕвезда Шекил О’нил го има „Бибер вирусот“. „Го пронајдов ГОЛЕМИОТ КАКТУС! ДА! – му напиша тин-сензацијата Џастин Бибер на Шекил на Твитер на 25 јули.