Топ 5 содржини за изминатата недела (8.11-14.11)
Содржини кои ја одбележаа Кафе пауза изминатава недела:
1. 10 модни правила кои смеете да ги прекршите
Секој од нас има слушнато барем неколку стари модни правила, најголемиот број од нив кажани од нашите мајки или баби кога носиме нешто необично или нешто што нив не им се допаѓа. Многу често, колку и да ви се допаѓала вашата комбинација од парчиња, овие модни правила успевале да ве премислат. Со времето и развивањето на модата на светско ниво, многу од овие модни-закони полека паѓаат во вода. Време е овие стари модни закони да ги оставиме зад нас и да експериментираме надвор од некои поставени граници.
.
2. Надворешниот изглед на скорпијата
Скорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.
Има два типа на скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки.
.
3. Шокантни реклами со силна порака
Секој од овие рекламни постери носат силна предупредувачка порака во нив. Оваа галерија не е направена од ист човек, ниту пак за иста работа, но со сигурност е направена со една иста цел, будење на свеста кај таргет групата на која се однесува.
.
4. Реалистички пејзажи направени само со молив
Гурам Доленјашвили е сликар од Грузија, роден на 9 март 1943 година во градот Кутаиси и најчесто работи во техника со една боја. Тој е прогласен за почесен сликар во Грузија. Од 2004 година е почесен член во руската уметничка академија.
.
5. Работи што ги прави една љубовна двојка
Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас..