Топ 5 содржини за изминатата недела (3.1-9.1)

Топ 5 содржини за изминатата недела (3.1-9.1)

Одмор, релаксација, забава, едукација… Еве што од нашите содржини најмногу допринесе за тоа изминатава недела:Топ 5 содржини за изминатата недела (3.1-9.1)

1. 12 дена новогодишен секс

ОК. На „зимски распуст“ сте и во овој период сакате да имате повозбудлив секс, како еден вид новогодишен подарок за вас и за вашиот партнер. Еве 12 совети кои ќе го зачинат вашиот сексуален живот за време на новогодишните празници. Но запомнете, сите носиме по малку енергија од другите знаци во зодијакот, па секој од овие совети може да има ефект и во вашиот случај. Раководете се по еден од нив секој ден или применете ги сите 12 во една вечер. Заслужувате. Време е за празничен секс.
.

2.Новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“

Доколку се прашувате што би можело малку да ве размрда и да ви ја зоврие крвта во овие празнични денови, одговорот е новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“. Каталогот е правен на островите Туркс и Каикос, а дел од него се многу „Ангели“, меѓу кои и Кендис Суанпол, Ерин Хедертон и Лили Олдрич.
.

3. Како да бидете личноста која сакате да бидете?

Верувате ли воопшто дека човек може да се промени? Веројатно и да не верувате, потајно се надевате штом прашањето во насловот ви го привлече вниманието. Ние веруваме дека е возможно, но и дека многу зависи од личната мотивација и јачината на желбата тоа да се случи.
.

4. Најубавите новогодишни и божиќни филмови

Новогодишните и божиќните празници се највеселиот период од годината. Во домовите преовладува топлината на позитивните вибрации и среќата, а богатата трпеза, подароците и семејството се секогаш тука да ја надополнат прекрасната атмосфера.

Доколку се прашувате што интересно би можеле да правите во овие слободни опуштени денови, еве една интересна идеја – повикајте ги пријателите и разбудете ја магијата на празниците, уживајќи во еден целодневен маратон од новогодишни и божиќни филмови. Ова е предлог-листата која ние ја подготвивме, а изборот останува на вас. Среќни празници!
.

5. Улични портрети направени без четка

Англискиот артист Дејвид Вокер се пронашол во сликањето улични портрети, но на еден малку поинаков начин. Тој при сликањето воопшто не употребува четка, бидејќи сака неговите дела да бидат комбинација од графити и традиционално сликарство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар