Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)
Ова е селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена:
1. Астрологијата и (не)зависноста од вашиот љубовен партнер
Некои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои?
.
2. Помладиот брат против постарата сестра
Додека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.
.
3. 20 кратки случајни животни совети
Тешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.
.
4. Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?
Не постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.
.
5. Романтична куќичка на дрво со џакузи
Дали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.