Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)

Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)

Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)

1. Што треба да запомните во тешките мигови?

Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35  потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.
.

2. Направете си блескави нокти во домашни услови

Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.
.

3. Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

На љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.
.

4. Капење во бесконечни базени на рајски локации

Во овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.
.

5. Најбрзиот чоколаден колач

Ви дошле ненајавени гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар