Топ 5 содржини за изминатата недела (25.4.-1.5)
Петте постови кои најмногу ги кликавте изминатава недела се:
1. 7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот
Марк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.
Тој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.
.
2. Симпатични подвижни фотографии
Њујоршкиот моден фотограф Џејми Бек, во соработка со Кевин Бург, кој е веб-дизајнер со искуство во подвижна графика и видео обработка, креирале серија од прекрасни анимирани фотографии, кои ги нарекуваат „cinemagraphs“.
.
3. Моќта на позитивното размислување
Позитивниот пристап кон животот е дефинитивно една од најмоќните карактеристики кои можете да ги поседувате. Оптимистите секогаш очекуваат да успеат во планираното, да имаат добро здравје, среќни моменти, финансиски успеси и добри односи со другите луѓе. Таквите мисли најчесто им се претвораат во реалност. Ова не се случува бидејќи луѓето со оптимистичен став се посамоуверени, па поради тоа се дружељубиви и поуспешни. Нивниот успех е резултат на нивниот начин на размислување. Тоа е основниот закон на привлекување: позитивните мисли резултираат со позитивни резултати. Она што ви се врти низ главата влијае врз течението на вашиот живот и на животот на луѓето околу вас.
.
4. 50 логоа со скриена симболика
Секое лого треба да биде лесно за помнење, да ја носи вистинската порака и да го привлекува вниманието. Додавајќи загатка во логото, се добива убиствено добар резултат. Еве листа на најдобрите логоа со скриена порака, кои се убави и истовремено, паметни и минималистички.
.
5. Преслатко девојче пее во дует со својот татко
Се сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.