Топ 5 содржини за изминатата недела (18.7.-24.7)
Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?
1. Што е убаво во животот?
Убавината понекогаш има многу некоректна и ограничена дефиниција. Убави се манекенките на модните писти и згодните глумци од филмовите. Но, не е сè во подигнатите обравчиња, малите носиња, долгите нозе, тенките половини, блескавите насмевки… Еве 50 поинакви дефиниции за убавината кои со сигурност се вистинити.
2. Како да препознаете кога некој ве лаже?
За жал, на луѓето кога лажат не им расте носот како на Пинокио, за да можеме лесно да увидиме што се случува. Затоа, прочитајте што велат пет странски експерти, во врска со симптомите по кои можете да препознаете дека некој не ви ја кажува вистината.
3. 7 правила без исклучок во шминкањето
Се разбира дека може да експериментирате со шминката. Но, постојат неколку правила од кои едноставно нема исклучок.
4. Астрологијата и вашиот стил на забава
Секој од нас има различна идеја за тоа што претставува забава. Обидете се да ги искористите сите прилики кои ви ги пружа животот за интересно пополнување на слободното време и притоа научете кој е вашиот личен стил на забавување. Прочитајте ги астролошките описи и дознајте кои типови собиранки ви одговараат, а кои да ги избегнувате.
5. Луксузниот Дубаи во ноќта
Преку оваа феноменална фотосесија е прикажан богатиот и луксузен град Дубаи, а фотографиите се направени од највисокиот облакодер во светот Бурџ Халифа. Кулата е висока 828 метри, но бидејќи сè уште се работи на најгорните катови, фотографите смеат да сликаат само на висина од 500 метри.