Топ 5 содржини за изминатата недела (18.10-24.10)
Ова е најдоброто од објавените содржини на Кафе пауза, изминатата недела:
1. Татко кој прави креативни фотографии од своите деца
Џејсон Ли (Jason Lee) е фотограф кој вообичаено ги фаќа најромантичните и најсреќните моменти од животите на луѓето – тој фотографира на свадби. Меѓутоа, посебна инспирација за неговата фотографија се неговите две ќерки од кои има направено неверојатно интересни и креативни уметнички дела.
.
2. Неверојатна куќа покрај езеро
Ова е куќа во која бегате од реалниот свет за целонеделна забава… куќа во која се будите и му се јавувате на шефот дека сте болни и дека не можете да дојдете на работа денес… бидејќи куќава е толку прекрасна што ги откажувате сите планови само за да потонете во неверојатно пријатниот софа бокс и така да останете цел ден и тоа само вие и избрана група на пријатели, шише Pinot Grigio и можеби некоја добра книга.
.
3. Топ 20 песни за после раскинување
Врските се убави додека траат, но раскинувањата знаат да бидат толку болни, што можат да не фрлат во депресија, да не остават без желба за преболување, без волја за што било… Еве еден брз рецепт: изнаслушајте ги овие 20 песни или изберете неколку кои ќе ги вртите постојано, дозволете си да се чувствувате така како што природно ви доаѓа, а кога веќе ќе ви се смачи од самите себеси, излезете надвор и почнете одново.
.
4. Видот на кафето ја дефинира вашата личност
Кафето кое секојдневно го пиете, не е само пена на врвот и шеќер на дното, туку во него се крие и вашиот карактер. Видот на кафето кое најмногу ви се допаѓа, зборува многу за вас.
Џуди Џејмс и Џејмс Мур, експерти за говор на телото, открија дека преферирањето на одреден вкус кафе, зборува многу за самодовербата, сексуалниот живот, и нивоата на стрес на личноста. Во нивната книга „The you code“ тие прават еден интересен осврт на оваа тема.
.
5. Ентериерот во Gossip Girl
„Озборувачка“ (Gossip Girl) е една од најпопуларните ТВ серии за младата популација. За оние кои не ја гледале, се работи за приказна во која се раскажува за животите на неколку семејства од елитата на Мехнетн. Природно, во ваква приказна совршено се вклопуваат модерно и скапо облечени ликови кои живеат во прекрасни куќи и хотели со луксузно и гламурозно внатрешно уредување. Еве неколку различни стилови на ентериери кои можат да се видат во серијата, што сигурно би посакале да го одликуваат и вашиот дом…