Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)

Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)

Ако од некои причини, не не читавте редовно минтата недела…Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)

1. Животни цитати кои ќе ве замислат

Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме. Еве неколку цитати кои ќе ве натераат убаво да размислите за некои работи во животот…
.

2. Јапонија после природните катастрофи и денес

Скоро три месеци после разурнувачкиот земјотрес и цунамито, Јапонија сè уште се бори да ги расчисти рушевините. Во оваа серија фотографии, се прикажани делови од Јапонија непосредно после природните катастрофи и истите се прикажани три месеци подоцна. Неверојатно е да се види колку многу е направено и колку труд е вложено, за некои места да бидат вратени во пристојна состојба и животот да продолжи да се одвива нормално, колку што е тоа можно. Сепак, евидентно е дека во некои делови работите не се почнати или приоритетот кај нив е помал отколку на други места. Погледнете што сè имаат направено вредните Јапонци за толку кусо време.
.

3. Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство

Некои научници тврдат дека моногамијата е генетска појава. Проценето е дека од три до пет проценти од припадниците на човековиот род се моногамни. Без разлика на хороскопскиот знак, луѓето може да се одлучат да изневеруваат или да не изневеруваат. Таквата тенденција е најверојатно многу покомплицирана од генетиката. Доколку она што го сакате е моногамна љубовна врска , тогаш најдобро би било да одберете партнер кој ќе го посакува истото. Но, доколку неверството е нешто што никогаш не би му го простиле на вашиот партнер, прочитајте како ве советува астрологијата да постапувате, за да не му дозволите на тој или таа да падне во искушение.
.

4. 10 научни трикови со кои можете да се правите важни

Знаете како некои луѓе секогаш имаат добар виц на лагер, токму кога е потребно развеселување на собраното друштво? Епа, бидете подготвени вие да се покажете следниот пат. Прво вежбајте сами, а потоа самоуверено заблескајте како вистинска ѕвезда во друштвото, која знае како да ги расположи другите. Овие 10 трикови, се лесни, научни и, што е најважно, изводливи. Пробајте се! :)
.

5. Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

Оние кои даваат, живеат подолго. Не мора да имате пари за да имате што да дадете. Има други валути со кои можете да направите промена во вашиот живот и во животот на оние околу вас: вашето време, вашите емоции, вашето срце, вашето сочувство…

Денес може да е обичен ден, како секој друг, но може и да се обидете нешто да смените, па давајќи, да добиете повеќе. Колку повеќе сте подготвени да дадете, толку повеќе универзумот ќе се стреми да ви го врати секој „долг“. Овие 11 нешта се многу евтини. Впрочем, за нив не треба ни да посегнете по новчаникот.

———————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар