Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)
Кои се петте содржини што најмногу се читаа на Кафе пауза минатата недела?
1. Облекувајте се тренди оваа есен
За една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица.
.
2. Фантастична вила за луксузно бегство од реалноста
Вилата „Chi“ се наоѓа на островот Пукет во Тајланд. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители. Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.
.
3. Како би изгледале познатите без веѓи?
Веѓите се дел од лицето кој нема некоја значителна улога, но нивниот облик и тоа како значи за изгледот на секој човек. Дали некогаш ви се случило да се запрашате, како би изгледале без нив? Одговорот на тоа прашање го даваат тројца другари кои се кријат под псевдонимите Gusto, Mr. GIF и Rory Rockmore.
.
4. Астрологијата и справувањето со разочарувањата
Секој знае да се справи со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.
.
5. Најубавите национални костуми на „Мис Универзум 2011“
Натпреварот за најдобар национален костум е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.