Топ 5 содржини за изминатата недела (11.7.-17.7)
Што најмногу ви се допадна од содржините на Кафе пауза изминативе денови?
1. Спектакуларен хотел под вода на Малдивите
Спиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност. Пред нешто повеќе од пет години хотелот Конрад Малдиви, кој се наоѓа на островот Рангали, го отвори првиот ресторан под вода. За да ја прослават петгодишнината, сопствениците сега на нивните гости им ја нудат можноста, не само да ручаат гледајќи во морското совршенство, туку и да заспиваат гледајќи во распливаните рипчиња.
.
2. Животот е прекраток за…
Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.
.
3. Заминување на љубовта
Овој краток анимиран филм е инспириран од немите филмови на Бастер Китон направени во 20-тите години на минатиот век. Во него, млада девојка заминува со воз, а нејзиниот љубен трча по возот како лудак, притоа изведувајќи секакви гимнастички точки за да преживее и да ја пронајде во точното купе.
.
4. 10 најубави езера во светот
Природата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.
.
5. Листа на книги за на плажа
Со цел да ви помогнеме подобро да го направите вашиот избор на книги за летово, ние подготвивме листа на 10 најдобри книги за на плажа од кои вие можете да одберете и да се препуштите на уживање. Првиот дел од листата е соодветен за љубителите на трилерите и малку потешките книги, вториот дел се однесува на оние кои сакаат добра драма, додека крајот на листата им е наменет на девојките и жените кои преферираат романтични комедии и чик литература. Значи, за сечиј вкус по нешто! Сите книги на листата се нови, издадени во последните неколку месеци што значи дека секоја од нив може да се најде во продажба сега.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.