Топ 5 содржини за изминатата недела (11.10-17.10)
Што најмногу се читаше на www.kafepauza.mk изминатава недела? Еве ги петте најкликани содржини:
1. Кој не би сакал да учи во вакво училиште?
Државното средно училиште Фитзрој во Мелбурн, Австралија има долга историја. Тоа било затворено во 1992-ра, но било повторно отворено и комплетно реконструирано во 2004-та година, после 11-годишна борба од страна на родителите и жителите. Честа да бидат првите ученици кои ќе завршат во оваа фасцинантна градба, ја имале матурантите во 2009-та година.
.
2. Машко-женски хороскоп
Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги? Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот, додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.
.
3. 10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук
Како да го скриете статусот од одредени луѓе? – Можеби немате навика да чепкате низ поставките за приватност („Privacy Settings“) на Фејсбук, но токму овде ќе најдете опција да одредите кој ќе може да ги гледа вашите статуси, и тоа: сите, само вашите пријатели или пријателите на вашите пријатели.
.
4. Познати и успешни Македонци низ светот #1
Ѓорги Маленков – поранешен водач и премиер на Советскиот Сојуз – Верувале или не, Македонец го предводел Советскиот Сојуз по смртта на Јозеф Сталин, во периодот од март до септември 1953 година, а истиот човек потоа станал премиер и оваа функција ја извршувал до март 1955 година.
.
5. Барови и ноќни клубови низ светот
Некои барови и ноќни клубови низ светот имаат навистина посебен шмек. Стилскиот ентериер и дизајн во комбинација со добра музика, се секогаш добитна комбинација за луд провод. Погледнете дел од светските елитни места за забава.