Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) е мега популарна ТВ серија која не може да не ве расположи, насмее до солзи и да ви го направи денот поубав. Сценариото е фантастичен склоп од едноставен но, уникатен и ултра смешен пристап кон секојдневните (но и оние поретките) ситуации во животот.

Едноставно кажано, ако сè уште не сте ја гледале, направете го тоа веднаш! Друштвото составено од Тед Моузби (Џош Реднер), Робин Шербатски (Коби Смолдерс), Маршал Ериксен (Џејсон Сигал), Лили Алдрин (Алисон Хениган) и Барни Стинсон (Ниел Патрик Херис) и нивните секојдневни комични ситуации, со сигурност ќе ви го продолжат животот. Сите оние кои со нетрпение ја очекувате наредната епизода од 6 сезона, во меѓувреме прочитајте 10 интересни факти за серијата и глумците во неа.
Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

  • Барни и Тед во серијата првпат се сретнаа во машкиот тоалет.
  • Интересно е тоа што во серијата никој никогаш не ја дознава работната позиција на Барни во банката во која што работи. Секогаш кога друштвото ќе го праша што всушност му е работа, тој саркастично одговара „Ве молам!

Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

  • Во текот на една епизода, Робин се вознемирува во ресторан кога и пристига чаша со шампањско во која на дното има веренички прстен, мислејќи дека Тед ќе ја побара за жена. Во моментот кога Тед и кажува „не е мој“, друг џентлмен станува од масата зад нив и вели „мој е“ и се враќа на неговата маса каде запросува една жена. Брачната понуда не е дел од сценариото, туку реална ситуација. Господинот ја испланирал целата сцена со продуцентите на ТВ серијата и и кажал на неговата девојка дека добиле награда на некој натпревар да учествуваат кратко во епизода од „Како ја запознав мајка ви“. Така тој ја побара девојката да биде негова сопруга и таа понуда за брак ќе „живее засекогаш“ снимена како дел од епизодата на популарната серија.
  • Алисон Хениган била бремена во текот на снимањето на многу епизоди од четвртата сезона, но извршните продуценти не биле заинтересирани и Лили да биде прикажана трудна. Во повеќето епизоди се користени разни ТВ трикови за да се сокрие бременоста на глумицата – носела вреќести блузи и огромни чанти. Сепак во епизодата „The Possimpible“ прикажано е трудното меше на Лили, каде што таа победува на натпревар во јадење хот-дог и е комично подуена потоа.
  • Откако Алисон Хениган (Лили) им кажала на продуцентите дека е трудна, Коби Смолдерс (Робин) открила дека е трудна исто така. Ниту Лили ниту Робин, не беа трудни во серијата, па костимографите имале доста работа да ја сокријат бременоста на двете главни женски улоги во серијата.

Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

  • Пред да започне снимањето на „Како ја запознав мајка ви“ во 2005 година, Ниел Патрик Херис (Барни) и Џош Реднер (Тед) веќе имале глумено заедно во филмот „Писмото од Париз“ (The Paris Letter) и тоа како љубовници.
  • Претходниот факт е интересен бидејќи Барни, непоправливиот женкар и срцекршач, е хомосексуалец во вистинскиот живот. На Ниел Патрик Херис и неговиот долгогодишен љубовен партнер Дејвид Буртка во октомври 2010, им се родија 2 близначиња, едно машко и едно женско, од сурогат мајка.

Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

  • Ко- креаторот на серијата Картер Бејс вели дека сцените во лимузина биле едни од најкомплицираните за снимање, бидејќи за да се сними дејствието внатре, потребно било да се расклопи лимузината.
  • Џош Реднер (Тед), Џејсон Сигал (Маршал) и Ниел Патрик Херис (Барни) се сите високи над 180 цм, а тоа ги прави највисоките главни машки улоги во хумористична серија.

Интересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

  • Во станот на Барни, на ѕидот е закачен врамен постер од насловната страна од новелата „Картер го победува ѓаволот“ од Глен Дејвид Голд. Во романот станува збор за магионичар од Сан Франциско, а дејствието се одвива во 1920-тите. Барни, е исто така талентиран магионичар во серијата, и во реалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Вивиане Reply

    Најдобра серија! 😀

  2. Марија Reply

    Серијата е закон!!! 🙂

  3. Ananda shake Reply

    7ma sezona .. greshka vi e toa 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Текстот е напишан и објавен во периодот на прикажување на шестата сезона.

Остави коментар