Идеалниот град според хороскопскиот знак

Идеалниот град според хороскопскиот знак

Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.

Идеалниот град според хороскопскиот знак

Овен

Секогаш ќе има нешто ново и возбудливо за истражување во Сиднеј, Австралија за вас. Овој град располага со екстремни, авантуристички спортови како парасејлинг, сурфање на ветер со едрилица и лудо возење со скутер на вода, кои дефинитивно ќе го раздвижат адреналинот низ вашите вени. Ако сте желни за малку нуркање под вода, можете да го посетите и Големиот корален гребен, кој не е многу далеку од Сиднеј и да уживате во чувството на возбуда и страст.

Бик

За правилно да го негувате вашиот вкус за сензуално уживање, упатете се накај Франција, најдоброто место за храна во светот. И покрај тоа што посетата на Париз, ви е дефинитивно „играње на сигурна карта“, можеби ќе уживате и во Лион, третиот најголем град во Франција. Како надополнување на извонредните ресторанчиња во кои има прекрасна храна, ќе имате можност и да пазарите во повеќе од 40 маркети и да ги пробате најсвежите продукти во регионот.

Близнаци

За да ја задоволите вашата незаситна потреба од добар хумор и забава, посетете го Чикаго. Веќе половина век, градот успева да ги насмее до солзи посетителите на комичните шоуа и неверојатните стенд-ап изведби на најдобрите американски комичари.

Рак

Амстердам е најсовршеното дискретно и мирно место, за вас и вашето семејство. Со неговите кривулести канали, улици прилагодени за велосипедисти и раскошни зелени предели, вие ќе се чувствувате како дома. Релаксирачка тура по каналите, ќе ја расположи целата семејна екипа, особено навечер, кога рефлексијата од градот во водата, создава „хипнотизирачки“ ефект.

Лав

Доколку сакате максимално да си ја наполните душата, посетете го Токио, каде можете да се изнапеете од срце, во некој од најпознатите караоке-барови. Замолете некој од вашите пријатели да ги сними најлудите моменти со видеокамера, за кога ќе се вратите дома, да составите една ваша лична дигитална приказна, со која ќе се пофалите на семејството и блиските.

Девица

Подобрете го вашето здравје во прекрасниот град Будимпешта, Унгарија. Таму можете да изберете некој од дузината спа-центри и да уживате во бањите кои се полнат со вода од подземни топли минерални извори. Некои од нив нудат фитнес-програми, во комбинација со фантастични третмани за лекување на болки во кој било дел од вашето тело. Градот е исто така познат по доброто вино, кое доколку го консумирате во умерени количини, е исто така многу здраво.

Вага

Наполнете си ги батериите со егзотичната уметност во Бали, во средината на месец јуни, кога целиот остров го празнува Фестивалот на уметноста на Бали. Лоциран во малиот град Денпасар, едномесечниот спектакл на традиционална музика и игра, е проследен со непрестаен перформанс и публика од целиот свет.

Скорпија

Само една локација ќе ги исполните вашите соништа – Рио де Женеиро, најсексапилниот град на светот. Доколку појдете за време на карневалот во февруари, ќе можете да се приклучите на една од веселите самба-паради. Ако тоа не е за вас, опуштете се на некоја од песочните плажи, во кој било период од годината и набљудувајте ги прекрасните тела кои „парадираат“ околу вас.

Стрелец

Коцкарот во вас најверојатно размислува за Лас Вегас, но тоа е толку клише, нели?! Макао, Кина го зема приматот на најголем центар за коцкање во светот. Патувањето ќе вреди за секој денар што ќе го потрошите, а во спомен ќе ви останат бизарните сценски настапи и будалштините кои ќе ги видите таму.

Јарец

Бидејќи вие сте вредна личност, која работи напорно за да заработи пари, посетете го Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е еден од најбогатите градови во светот. Таму, просечниот граѓанин вреди повеќе од 15 милиони американски долари. Запознајте се со некој од нив и појдете на луд шопинг во Дубаи, кој се наоѓа во близина.

Водолија

Градот кој вие сакате да го посетите, треба да е либерален и политички коректен, па токму затоа Портланд, Орегон е идеалното место за вас. Овој среден по големина град, е одлично место за живеење и дружење и воедно е водечки во САД во рециклирање, користење алтернативни горива, велосипедски патеки, урбани зелени предели и што ли уште не.

Риби

Вие имате две опции. Првата опција ви е Хонолулу, Хаваи, местото кое преку целата година ви нуди незаборавно пливање, нуркање, сурфање на ветер со едрилица и тотално уживање. Доколку пак, само сакате да си ги „наполните батериите“, појдете во Седона, Аризона, кој ја претставува „Мека на новото време“, а таму ќе им се воодушевувате на фантастичните пејзажи и неверојатните црвени карпи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар