Хороскопот и молитвите

Хороскопот и молитвите

Се молите во себе или на глас? Барате да ви се остварат реални работи или претерувате со желбите како да му се обраќате на Дедо Мраз? Избирате ли зборови? Преферирате културно или понеофицијално обраќање во слободен стил? Според карактерите на луѓето со одреден хороскопски знак, може да се претпостави кој од нив како му се обраќа на Бога.

Хороскопот и молитвите

Овен: „Преблаг Господи! Те молам помогни ми да станам трпелива личност. Веднаш!“

Бик: „Господе, те молам помогни ми да направам промени во својот живот, но не сѐ уште.“

Близнаци: „Еј Богу…Или можеби си Божица? Кој си ти? Што си? Каде си? Колку ве има? Не можам да сфатам!“

Рак: „Драг тато, знам дека не треба толку да сум зависен/а од тебе, но ти си единствениот на којшто можам да се потпрам, додека моето ќебенце е на перење.“

Лав: „Здраво тате! Сигурен сум дека си многу горд што ме имаш за син/ќерка.“

Девица: „Мили Боже, те молам направи го светот подобро место за живеење, и немој да ја оплескаш работава, како што ја оплеска минатиот пат.“

Вага: „Драг Господи, знам дека треба сам/а да си донесувам одлуки, но од друга страна, ти што мислиш?“

Скорпија: „Мили Боже, помогни ми да им простам на непријателите, иако копилињата не го заслужуваат тоа.“

Стрелец: „Семоќен, почитуван, сеприсутен, вечен Господи, те замолив еднаш и ќе те замолам уште милион пати. ПОМОГНИ МИ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПРЕУВЕЛИЧУВАМ!!!!!!!!!!!!“

Јарец: „Мил Господи, дојдов за да се помолам за некои работи, ама во меѓувреме сам/а си сфатив што треба да правам. Фала во секој случај.“

Водолија: „Здраво Боже! Некои велат дека си маж. Други велат дека си жена. Јас велам дека сите сме богови. Наместо да се молиме, ајде да се забавуваме!“

Риби: „Небесен Господи! Се обидувам да ја претопам мојата болка и тага, во последната петина од вискито. Со мојата опиеност ја прославувам Твојата вечна слава и чест.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Пецо Reply

    Хороскоп и христијанство во ист контекст…. Priceless. 😀

Остави коментар