Астрологијата и вашите најдобри пријатели
Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.
Овен
Вашиот страстен и енергичен карактер привлекува динамични и интересни пријатели, па во вашето друштво секогаш ќе има некој лав и стрелец. Ќе се чувствувате стабилни и застанати цврсто на земја, ако вклучите бик во вашата екипа, бидејќи тој може да ја урамнотежи вашата импулсивна природа и тенденцијата кон избрзани реакции. Девиците можат да ви помогнат да останете фокусирани и правилно да ја канализирате вашата креативна енергија. Ако во друштво имате јарец, кон него ќе имате најголема почит. Лавот и водолијата одлично ви одговараат за дружба и забава. Најцврста конекција можете да изградите со спротивниот хороскопски знак, милата вага. Ракот и јарецот ја делат со вас иницијативноста и спремноста за акција во секој момент, поради што исто така би можеле да ви бидат добри пријателчиња.
Бик
Да се биде бавен и постојан има свои предности, а тоа најдобро ќе го сфатат оние родени во хороскопските знаци девица и јарец, бидејќи ја делат вашата практична природа. Кога ви е потребен некој да ви каже поинакво мислење од вашето, близнаците ќе ви дадат доволно инспирација за да направите еден „брејнсторминг“. Вагата може да ви помогне да си ги потиснете страстите и потребата од задоволства, кога морате да останете фокусирани на некоја работа и напорно да работите кон нејзино комплетирање. Рибите можат да ви бидат екстремно лојални и верни пријатели. За вас, пријателствата не претставуваат однос „на ти го – дај ми го“, туку очекувате во што е можно повеќе ситуации да биде по ваше, поради што треба да имате пријатели кои ќе можат да ја поднесат таа ваша карактеристика. За среќа, скорпијата е доволно паметна и силна за да ја добие вашата почит, а секогаш ќе се чувствувате удобно во друштво на лав и водолија, бидејќи високо ја цените нивната упорност секогаш да ја завршуваат започнатата работа.
Близнаци
Ако вашите пријатели не се динамични и активни, вие брзо ќе го изгубите интересот за нив. Со вагата и водолијата секогаш ќе поминувате многу време заедно, бидејќи тие ја споделуваат со вас смислата за забава и интеракција. Друга цврста врска можете да изградите со некој кој е овен во хороскоп. Вие се воодушевувате на неговата храброст и го следите секој негов чекор со радост. Ракот, може да ви даде една стабилност и здраво влијание, кое знаете дека навистина ви е потребно. Според вас, пријателствата треба да бидат флексибилни и отворени, а тоа никој нема да го разбере подобро од стрелец. Исто така, одлично ќе се согласувате и со рибите, кои умеат да бидат исто толку флексибилни и забавни колку вас.
Рак
Вам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија. Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.
Лав
Вие сте силни, динамични и снаодливи, но сепак морате да бидете опкружени со луѓе на кои можете да им верувате. Овенот и стрелецот можат да ви бидат одлични пријатели, со кои секогаш одлично ќе се забавувате, а и со близнаците може да ви биде доста забавно. Бидејќи отсекогаш сте се восхитувале на луѓе кои имаат практичен и амбициозен поглед кон животот, ќе сакате некој јарец исто така да биде дел од вашата екипа. Во секој случај, вашите пријатели треба да бидат достојни за да ја заслужат топлината и страста од ваша страна, па можеби ќе се изненадите ако оформите цврсто пријателство со некоја водолија. Нејзината искулирана, речиси неразбирлива карактерна природа, постојано ќе ве интригира и прави љубопитни. Исто така, водолијата ќе знае точно како да ве спречи да избегате од реалноста. Други луѓе кои можат да извршат добро влијание во вашиот живот, се оние со хороскопски знаци скорпија и бик. Овие пријатели ќе можат да си ги остварат нивните ветувања и да останат услужни кон вашите потреби.
Девица
Вие сте сигурни и доволно цврсти да се грижите сами за себе, но сепак обожавате кога имате емоционално стабилни пријатели како бикот и јарецот, кои ќе ве поддржат за сè. Сензибилноста на ракот исто така ве привлекува, дури можете да помислите дека тој е знакот на кој можете да се потпрете дека ќе се грижи за вас во оние ретки мигови кога навистина ви е потребен. Водолијата ви помага да ја видите целосната слика, додека близнаците можат да ви помогнат да ги наредите сите коцки во мозаикот, секоја на свое место. Исто така рибите ги сметате за личности кои ги прифаќаат вашите фантастични совети и кои ви ја пробудуваат имагинацијата и романтичната страна. Храбрите стрелци, а зафатените близнаци можат да ви претставуваат добри, забавни пријатели, затоа што ја споделуваат вашата способност да го смените правецот, кога имате потреба од нешто различно во животот.
Вага
Вам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.
Скорпија
Дали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.
Стрелец
Вие сте типичен слободен дух и луѓето се воодушевуваат на вашата независност. Ги обожувате луѓето кои ја почитуваат слободата и кои додаваат возбуда во вашиот живот. Такви се лавот и бестрашниот овен. Девицата ви претставува одличен работен партнер, преку кој можете да ја канализирате вашата енергија во нешто продуктивно. Доколку барате некој за придружба или пак некој кој ќе го сметате за најдобар другар, важно ви е тоа да е личност која целосно ќе се посвети на другарството, но која паралелно ќе прави нешто друго во животот подалеку од вас. Близнаците, рибите и девицата се идеалните пријатели за вас.
Јарец
За вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.
Водолија
Вистина е, вие сте оригинални и само оние кои ќе го прифатат тоа ќе претставуваат задоволувачка придружба за вас. Знаци со кои најлесно ќе се сложувате се вагата и близнаците, затоа што ја споделувате способноста да ја „спуштите топката“ и да ги решите работите рационално. Сепак, најверојатно скорпијата ќе ја најдете како најзадоволувачки микс на влијанија кои ќе ве научат на лојалност и респект. Раковите ќе бидат од голема помош за прашањата поврзани со вашата кариера и со она што го вели срцето. Бидете сигурни дека во вашето опкружување имате луѓе кои се динамични и бесрамни, кои ве заслужуваат, како што е лавот. Со леснотија ќе се справувате со скорпијата и бикот, поради нивната способност да бидат логични, смирени и конзистентни.
Риби
Рибите мораат да бидат внимателни при одбирањето на луѓето во нивното друштво, бидејќи тие ги апсорбираат сите влијанија, и добрите и лошите. Ракот и скорпијата изгледа се најсигурните пријатели, бидејќи ја споделуваат истата емоционална ранливост. Идеалистичкиот стрелец ќе ја разбере вашата потреба да ја користите вашата имагинација и да бидете доволно креативни за да бидете диви. Ќе му се восхитувате на авантуристичкиот јарец. Сепак на крајот на денот, ваши најблиски пријатели ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да се справите со илузионистичката реалност, додека сè уште се восхитувате на сопствената способност да избегате од реалноста за момент. Девицата е идеална за оваа работа, но исто така можете да се спогодите и со близнаци и стрелец, кои ја споделуваат вашата способност да пронаоѓате начини за едноставно функционирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.