Астрологијата и трошењето пари

Астрологијата и трошењето пари

Како би реагирале доколку добиете премија на лото, ви тргне работата во вашиот приватен бизнис или ако чуете дека некоја далечна тетка ви оставила солидно наследство? Како воопшто се однесувате во ситуациите кога да речеме, шефот решава да ви даде бонус од стотина евра или баба ви ве почести некоја илјадарка за роденден? Веднаш ќе почнете да трошите или ќе тргнете поголем дел од парите за „црни денови“? Прочитајте што вели астрологијата за вашиот хороскопски знак и неговата алчност или штедливост.

Астрологијата и трошењето пари

Огнените знаци овен, лав и стрелец сакаат максимално да го живеат моментот и бидејќи тие длабоко веруваат дека Господ повторно ќе ги награди еден ден, не ни помислуваат на опцијата штедење. Авантуристи во душа, стрелците и овните најверојатно со парите би испланирале некое егзотично патување или можеби ќе почнат да тренираат некој скап спорт. Лавот можеби ќе одлучи да организира забава или ќе си купи скапа дизајнерска облека, а можеби и автомобил каков што отсекогаш посакувал. Огнените знаци се дефинитивно најмалку скромните знаци во зодијакот, а лавовите особено треба да бидат внимателни со парите и да избегнуваат лоши инвестиции.

На земјените знаци бик, девица и јарец им е многу важна финансиската сигурност, поради што тие се доста внимателни со парите и нивните навики за трошење. Бикот и јарецот сакаат да имаат тргнато некој денар на страна за „црни денови“. Девицата пак, би си купила нешто практично кое ќе ù послужи во нејзиниот дом или канцеларија. Јарецот ќе се почести себеси со некој квалитетен подарок, со кој ќе ги импресионира неговите пријатели и колеги. Бикот најверојатно би се наградил себеси со некој убав обилен оброк или вкусен десерт.

Воздушните знаци близнаци, вага и водолија немаат баш некој осет за трошење пари, особено вагата и водолијата. Вагата несомнено ќе отиде на голем шопинг, а потоа ќе организира екстравагантна забава. Близнаците можеби би отишле со парите некаде на патување или сериозно ќе си го преуредат нивниот дом во центар за забава. Водолијата најверојатно би си купила некој најсовремен технолошки гаџет и би си уплатила летен одмор на најубавото место на светот.

Водните знаци рак, скорпија и риби се заштитнички настроени кон парите. Ракот наместо за себе, би купил подароци за членовите од неговото семејство и евентуално ќе организира забава за да ги почести најблиските пријатели. Остатокот од парите ќе го сочува за во иднина. Скорпијата најверојатно нема да дозволи никој да разбере дека таа дошла до некои пари. Рибата ќе си го подигне моралот со нов автомобил или ќе го збогати нејзиниот гардеробер со неколку нови парчиња облека, но остатокот со сигурност ќе го тргне на страна и ќе го чува за некоја друга крупна цел.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. A.Westwick Reply

    Хахахаха јас сум јарец во хороскоп, ама за штедење…… ништо ништо… одма се ќе потрошам

  2. Оља Reply

    абе луѓе астролошки профил за рак плиз
    🙂

  3. ALEX Reply

    Za vodolija, kako za mene da zboruva! 😀

  4. tralalajka Reply

    Вага.. Не можам да прекинам со трошење пари на шопинг 🙁

  5. *-*-*-*-- Reply

    Nishto ne e tochno od ova 🙂
    Bash textot za рак, скорпија и риби treba da bide na mestoto na овен, лав и стрелец i obratno ;))

  6. ROFL :S Reply

    Ja pari neam :S

  7. emi Reply

    pa pari se za trosenje da bi imala sve bi si dozvolila ma i bi preterala! 😀

Остави коментар