Астрологијата и страста
Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.
Лавот го возбудува помислата дека го забележувате и цените како личност. Погалете го неговиот/нејзиниот грб одозгора надолу и притоа со „љубовна нота“ шепнете му/и во уво некој комплимент. Верувајте, лавот нема да остане рамнодушен на убавите зборови.
Тајната за поминување една незаборавна романтична вечер со вашиот рак, е да направите да се чувствува сигурно и заштитено. Спалната соба е најдоброто место во кое можете да се релаксирате и да зборувате слободно за сето она што ви лежи на душа. Бидете отворени, расположени, нежни и чувствителни за да ја разбудите страста во вашиот љубовник со хороскопски знак рак.
Кога станува збор за близнаците и девиците, ништо нема да ви донесе повеќе возбуда во креветот од добриот разговор базиран на обострано зборување и слушање. Одрежете жива, весела комуникација во спалната и избегнувајте сериозни теми на разговор. Чувајте го нивниот ум свеж и активен, на начин што во детали, вербално ќе им објаснувате сè што планирате да им правите во креветот.
Бикот и вагата се сензуални и грациозни секс партнери, кои сакаат да даваат, но го очекуваат истото од вас за возврат (тие воопшто не ценат самобендисани луѓе). Создадете пријатна атмосфера, луксузно декорирајте ја собата, прилагодете се на секоја нивна желба и ќе го добиете и вие она што ви следува.
Овните сакаат физички да ја демонстрираат нивната страст и би сакале да им дадете дозвола да ја заземат главната улога во креветот и да ви ги остварат сите ваши сексуални фантазии. Следете ги. Кога ви се дава прилика да правите нешто дрско, не се повлекувајте.
Јарците може на прв поглед да изгледаат конзервативно кога станува збор за сексот, но тоа го компензираат во постелата со нивниот нежен, сензуален и трпелив стил на водење љубов. Сексот со нив можеби не е спонтан, но јарците по природа се „диви“. За да биде задоволен, договарајте со него редовни термини во седмицата за водење љубов.
Стрелецот има богата духовна природа и не е тајна дека има желба сексот, интимноста и водењето љубов да ги одведе до едно легендарно ниво. Бидете дарежливи со стрелецот во кревет и научете спектакуларно да го прославувате чинот на водењето љубов. Трчајте низ шумата голи, бркајќи се еден со друг, може да биде една предлог – идеја. 🙂
Љубовникот со хороскопски знак водолија е див, понекогаш перверзен, умее добро да се забавува, а во остатокот од времето е емоционално отсутен. Со неа бидете отворени, експериментирајте и имајте волја да го пробате она што има да ви го понуди, но не и дозволувајте да го избегнува емоционално поврзување, кое прави партнерите во сексот да се чувствуваат интимно блиски и задоволни.
Рибите се мечтатели, кои изгледаат како да дошле на планатава од некое далечно место. Тие можат да лежат и само да гледаат во вашите очи со саати, доколку им го дозволите тоа. Па, дозволете им. Обидете да се поврзете со нив на едно мистично ниво, со тоа што ќе го одржувате контактот со нивните тажни очи, кој може да ве одведе двајцата до највисоката точка на сексуално уживање.
Може да мислите дека вашата скорпија сака да ја поседува вашата душа на начин што сексуално ќе се поврзе со вас и да ви изгледа како таа да си ги „полни батериите“ кои ја одржуваат во живот со вашата сексуална енергија. Тоа и не е далеку од вистината. Кажете и на вашата скорпија што посакувате. Бидете искрени. Верувајте, таа ќе ги претвори сите ваши сексуални мечти во реалност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.