Астрологијата и стилот на облекување
Секоја личност има различен стил на облекување, кој ја одвојува и разликува од останатите луѓе. Прочитајте што велат планетите за стилот на облекување на вашиот хороскопски знак.
Овен
Овните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.
Бик
Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.
Близнаци
Поради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот. Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив.
Рак
Раковите имаат тенденција да се облекуваат според нивното моментално расположение. Нив може некогаш да им се допаѓа некое парче облека, но кога ќе им се промени расположението кое во тој момент го имале, може да се смени и нивниот избор на облека и вкус. Кога се во меланхолично расположение, носат црно-бели комбинации, а кога се порасположени сакаат да носат светли бои. Машките ракови, најудобно се чувствуваат во фармерки кои не се целосно припиени за нозете, но сепак убаво ги оцртуваат облините, во комбинација со памучни поло маици. Најголемата цел која сакаат да ја постигнат женските припаднички во облекувањето, е во магичното мешање на различни материјали, како на пример свила и памук и идеално акцентирање на стилот со разни везени цртежи или апликации. Овој знак троши големи суми пари на долна облека изработена од висококвалитен материјал. Убаво им стои зелена боја. Најчувствителен дел од нивното тело се градите, така што џемпери и маици со V-отвор и подолги синџирчиња ќе изгледаат одлично на нив.
Лав
Родените во знакот лав живеат со стил и сакаат да носат елегантна, добро скроена облека која привлекува внимание. Лавот сака да се облекува најдобро од сите. Дури и кога нешто изгледа недостижно или финансиски недозволиво, тој ќе најде начин да стигне до него. Името на брендот и цената на облеката е она што го диктира модниот стил на лавот. Секогаш го носи она што е тренди и мора да изгледа беспрекорно во секое време. Кога е во прашање модата, удобноста не игра никаква улога во неговиот избор на облека. Машките лавови одлично изгледаат во свилена кошула и вратоврска и елегантно одело. На женските најдобро им стојат капри пантолони или пошироки пантолони до под колена кои се врзуваат на нозете, во комбинација со тесна маичка. Убаво им прилегаат динамични и „живи“ бои, како на пример златно-жолта, кои ќе ги одвојуваат од останатата толпа луѓе. Најкарактеристичен дел од нивното тело е грбот, така што на женските припаднички на овој знак им прилегаат тоалети со отворен грб и скапоцени синџирчиња околу вратот.
Девица
Девиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе.
Вага
Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност.
Скорпија
Модниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи. Стилот на облекување на овој хороскопски знак наликува на животот на актерите; таа ќе го носи оној костим кој најдобро ќе одговара на улогата која таа треба да ја одигра во текот на денот. Овие личности сакаат да ја покажат нивната страст и интензивност преку облеката што ја носат, па преферираат луксузни материјали во силни бои како црвена, црна и виолетова.
Стрелец
Стрелците се авантуристи по природа, кои преферираат да бидат надвор наместо дома и тоа се одразува и на нивниот стил на облекување. Најубаво се чувствуваат во удобна облека и не ги следат модните трендови. Сакаат облека која ќе им овозможува движење и ќе одговара на нивниот активен стил на живеење, па најчесто можете да ги видите во спортска облека, долги лелеави здолништа или широки пантолони. Тие ќе ја носат облеката сè додека не избледи. Стрелците обично не се баш соодветно облечени за пригодата, ама тие воопшто не се грижат за тоа што го носат, туку ги интересира дали другите луѓе ги разбираат на интелектуално ниво. Хипи стилот совршено би изгледал на стрелецот, во комбинација со некои удобни чевли за пешачење или сандали. Светлите бои им го подигаат духот, а убаво им прилегаат и темно сина, жолта и беж боја.
Јарец
Јарците имаат „кежуал“ стил на облекување, сè до оној момент кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тогаш машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата. Јарците се во потрага по евтина, класична, безвремена облека. Наспроти нивната штедлива природа, женските јарци имаат тенденција да трошат доста пари на накит. Зелени и кафени тонови им прилегаат најдобро.
Водолија
Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.
Риби
Рибите имаат едноставен стил на облекување, кој е одраз на нивната сензитивна и сочувствена душа. Тие не се ограничуваат во однос на последните модни трендови. За нив облеката е форма на социјална структура и доколку би можеле, тие би шетале голи. Флексибилни се во она што одбираат да го облечат и најчесто кога купуваат, тоа е од неопходни причини. Но, тоа не значи дека купуваат само колку за да имаат нешто во плакар, туку одбираат парче облека кое навистина им се допаѓа и кое не планираат да го симнат од себе сè додека не се скине. И покрај тоа што рибите преферираат да чекорат боси, тие најчесто имаат неколку пара обувки за да внесат разновидност во својот стил. На рибите облекувањето не им е главна преокупација во животот, па можеби токму поради тоа секогаш изгледаат добро, каде и да одат. Убаво изгледаат во сино, зелено, тиркизно и кајсија боја, а нивниот најдобар стил на облекување може да биде комбинација од старовремско и модерно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.