Астрологијата и интуицијата

Астрологијата и интуицијата

Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.

Астрологијата и интуицијата

Според психологот Карл Густав Јунг, сите луѓе го разбираат светот преку емоциите и интуицијата. Интуицијата се базира на претчувствата и вклучува сигнали од потсвеста. Јунг верувал дека секоја личност има дарба за интуиција.

Огнени знаци

Овен

Интуицијата може да биде вашиот најголем извор на информации и поттик за борбеност. Вие имате потенцијал да прераснете во самостојна личност, која истовремено ќе се грижи за нејзиното семејство и ќе се вклопи во секое социјално опкружување. Природно интуитивни, вие можете длабоко да ја разберете вашата и психичката состојба на луѓето околу вас.

Вие секогаш имате некоја нова идеја на ум: да прочитате книга, да започнете да работите на нов проект, да фатите нов правец во животот или едноставно целосно да го отворите вашето срце и ум за примање нови информации. Со употреба на вашето тело на различни начини, вие ќе научите повеќе за себеси и ќе ги проширите вашите хоризонти. Вашата медитација може да вклучува визуелизација на пупка роза, како се отвора на сончева светлина и ја открива нејзината фантастична боја и дизајн. Ништо нема да ве чини да се обидете, нели?

Лав

Кога вашата интуиција е силна, вашиот процес на донесување одлуки мора да биде рационален, за да бидете способни да ја земете предвид новата информација. Рационалното насочување на вашата интуиција не значи правење голема промена во вашиот живот. Доколку направите мала промена во вашиот ментален фокус, ќе можете да апсорбирате значајни информации и да развиете емоции кои ќе ве одведат до успеси. За да ви оди добро во учењето, кариерата и во разните креативни проекти на кои работите, треба да направите мала промена во начинот на размислување, која ќе ви донесе спектакуларни резултати.

Вашата интуиција може да ви предизвика мала ментална или телесна неудобност. Употребете ја таа неудобност како мерка за вашиот степен на прецизност. Размислете дали сте насочени кон реализација на вистинската цел – таквите мисли би требало да ве релаксираат. Дали сте под стрес? – Тоа ви покажува дека правите мала промена во вашата психичка состојба, која може да ви биде од одлична полза.

Стрелец

Продлабочете ги вашите лични вредности со помош на интуицијата. Вие сте свесни дека некои од вашите верувања не се секогаш во согласност со вашето чувство за она што е исправно, а што не и тоа ве спречува да направите прогрес во кариерата, љубовта или во духовниот раст. Треба да сфатите дека вашите стари емоционални навики ќе исчезнат во оној момент кога ќе му кажете „чао“ на вашето минато.

Обрнувајте внимание на луѓето кои ги запознавате, но немојте да им ги кажувате сите детали од вашиот живот. Тие не мораат да знаат сè, а вие можеби ќе се предомислите во врска со нив. Внимателниот пристап не може да ви штети, а истовремено ќе ве заштити од недоразбирања. Вашата интуиција ви ги кажува желбите на луѓето околу вас.

Земјени знаци

Бик

Дозволете ѝ на вашата интуиција да ги избере дестинациите до кои сакате да отпатувате бидејќи одморањето на некое патување е вашиот начин на медитација. Вашиот љубовен живот и кариерата исто така можат да извлечат корист од вашата интуиција. Однесувајте се понезависно и истовремено обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас (првиот впечаток може да биде погрешен). Интересни идеи редовно „скокаат“ во вашиот ум, а вашиот начин на резонирање обично ги опфаќа сите сегменти.

Ако имате некоја повреда или болест, ќе оздравите многу побрзо доколку се фокусирате на потребите на вашето тело. Интуицијата може да ве одведе до вистинскиот доктор или до најдобрата терапија. Обидете се да си замислите како сте комплетно здрави и тенденциозно насочете се кон забрзување на процесот на вашето оздравување.

Девица

Интуицијата ви помага да станете посвесни за светот околу вас. Понекогаш длабоката интуиција произлегува од самите вас, благодарение на познатиот глас во вашата потсвест или замислувајќи слики кои ви помагаат успешно да завршите некоја задача. Понекогаш дури и замислување на местото кое сакате да го посетите ви овозможува да стигнете до него. Слушајте го вашиот внатрешен глас и поврзете го со сето она што го гледате пред вашите очи. Љубовта ќе ви биде блескава и здрава, доколку ја внесете вашата психичка интелигенција во врската. Комуницирањето за она што го чувствувате длабоко во вашето срце, е еден од најдобрите начини за да му докажете на вашиот партнер дека му верувате.

Јарец

Другите луѓе ви нудат онолку можности колку што можете максимум да поднесете. Главното прашање е која од овие шанси да ја искористите? Вашата интуиција ви ја прикажува иднината на секоја можност која стои пред вас. Таа ваша способност е речиси исто, како да држите кристална топка во рацете, која ви покажува како ќе завршат работите. Вам исто така ви е лесно да направите мало практично истражување кое ќе ги поддржи вашите одлуки.

Интуицијата ви помага да ги материјализирате вашите идеи, кои некогаш ви изгледале недостижни. Вашиот љубовен партнер може да ви постане и бизнис партнер, барем во процесот на планирање. Додека разговарате за можностите, вие двајца можете да дојдете до многу подобри одлуки, отколку кога би ги носеле сами.

Воздушни знаци

Близнаци

Зборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?

Бидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.

Вага

Внесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот. Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.

Интуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.

Водолија

Вашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.

Може да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.

Пешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.

Водни знаци

Рак

Вие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.

Интуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.

Скорпија

За вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.

Вашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.

Риби

Вашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.

Интуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар