Астрологијата и барањето прочка од партнерот

Астрологијата и барањето прочка од партнерот

Имавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.

Астрологијата и барањето прочка од партнерот

Стрелецот е непоправливо груб, нетактичен и суров и најчесто прекасно сфаќа дека неговите импулсивни реакции и зборови кои не се на место, погодиле некоја многу сензитивна точка кај неговиот љубовен партнер. Во секој случај, стрелците не се злобни по природа и (доколку сфатат навремено) ќе се обидат да се оддолжат за нивните непромислени реакции.

Овенот има тенденција инстантно да заборава што кажал во моментот на бес и не може да сфати зошто некој би требало да биде загрижен за нешто што се случувало пред еден час, а камо ли за нешто од минатата недела. Претставниците на овој хороскопски знак мораат да научат да сочувствуваат со оние луѓе кои имаат поинаков темперамент од нивниот.

Близнаците знаат да бидат тотално безобѕирни во однос на чувствата на другите, а нивните коментари во момент на кавга можат да бидат многу ладнокрвни. Исто како и овните, близнаците не можат да сфатат зошто треба да се крева толкава врева околу нешто, поради што не чувствуваат дека имаат за што да се извинат. Луѓето родени во оној хороскопски знак мораат да научат повеќе да се потпираат на она што им го кажува срцето, а помалку на разумот и само тогаш ќе бидат способни да сфатат каде е проблемот.

Водолијата знае да стане непредвидливо директна во кавга и тврдоглаво одбива да признае дека нејзините зборови се тотално нечувствителни. Таа исто така, знае да тера инает и сака буквално да провоцира само за да ја види реакцијата на партнерот. Извинувањето не е нивна јака страна, освен доколку тоа не го побарате од нив на некој кул пријателски начин.

На скорпијата во принцип не и е забавно да предизвикува ситуации кои создаваат проблеми. Но, таа сака партнерот да и ги почитува мислите и чувствата, така што типично за неа е да каже по некој зајадлив коментар, кој е всушност одмазда за некоја претходна препирка во врската. Повеќето скорпии извинувањето го доживуваат како самопонижување. Тие треба да научат да забораваат на лошите работи кои се случиле во врската, да се разведрат фокусирајќи се на убавите и да продолжат понатаму со животот.

Девицата знае честопати да биде претерано пребирлива и не може секогаш да сфати дека нејзините „добри“ забелешки, за личноста од спротивната страна можат да звучат како најлоши критики. Наспроти нивната „бодликава“ надворешност, девиците имаат добро срце, благодарение на што тие набрзо ги исправаат грешките кои ги направиле.

Вагата мрази ситуации во кои владее непријатна атмосфера. И покрај тоа што таа знае да биде премногу аналитична, критична и огорчена во однос на негативните карактерни особини на нејзиниот љубовен партнер, таа сепак е желна кратко после расправијата да ги „излекува“ повредените чувства на партнерот.

Ракот толку многу не може да поднесе чувствата да му бидат повредени, што има тенденција да се воздржува од изразување на неговите размислувања, бидејќи се плаши да не испровоцира контранапад. Кога раковите сепак се решаваат да ги искажат нивните замерки во однесувањето на нивниот партнер, тие набрзо после муабетот ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја вратат хармонијата и спокојот во врската.

Рибите имаат тенденција да бидат изненадувачки брутални во нивните замерки кон партнерот, кога нивниот потиснат гнев ќе излезе на површина. Кога хаосот ќе помине и ќе си ја „оладат“ главата, рибите ќе бидат толку стаписани од нивната постапка, што ќе трчаат кон партнерот со букети и чоколада в рака, за да бараат прочка од него.

Бикот вообичаено е сталожен и спокоен, но знае да постане екстремно избувлив кога ќе се вознемири. Тој не сака да каже „извини“, бидејќи смета дека таквата постапка го става во подредена положба, но затоа неговите постапки ќе зборуваат погласно од зборовите, па наместо „извини“ бикот ќе ви понуди прегратка и бакнеж.

Ако избие љубовна кавга, јарецот веднаш ќе „исчезне“ од просторија и ќе отиде да работи нешто друго. Но, јарецот ја обожава безбедноста која ја создава пријателскиот дух во љубовната врска, па затоа порано или подоцна ќе се врати назад за да ги измрмори вистинските зборови, се разбира, доколку не му оставите алтернатива.

Лавот во ваквите ситуации секогаш се обидува да ја префрли вината на другиот, притоа правејќи коментарите кои ги кажува со цел да го засрами партнерот, да звучат оправдано. Лавот не знае баш да ја преземе одговорноста за сопствените грешки, па би било добро доколку неговиот партнер го познава доволно добро, за да сфати дека ќе му биде потребно подолго време за да признае дека погрешил.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. emilyyy Reply

    c c ne e mozno da e tolku tocno kako nekoj da me demnel mene i deckomi (jarec i bliznaci) koga sme skarani !!!

Остави коментар