Страсни бакнежи низ француските улици
Убавината на животот се состои во оние мали нешта кои честопати забораваме дека се креатори на нашата среќа: нечија убава насмевка, сладок ненадеен бакнеж, комплимент од срце и безброј навидум незначителни моменти, кои ни го „подгреваат“ срцето.
Инспирирана од љубовта, францускиот уметник Клер Стритарт прави фантастични графити на ѕидовите во француските градови Париз и Монпелије и во Бразил, цртајќи љубовници како се бакнуваат во секси и провокативни пози.
Сензуалните силуети се насликани со дебели линии, имаат едноставен облик и јак контраст на бои, па кога ќе поминете покрај нив нема да можете, а да не подзастанете да погледнете во убавата љубовна приказна.
Графитите се насликани на одбрани фасади, така што секогаш кога ќе се најдете во тој дел од градот, страсните љубовници пријатно ќе ве изненадат и ќе ви го растреперат срцето.