Надреални автопортрети од 16 годишно момче
Овој талентиран 16-годишен фотограф доаѓа од Дуизбург, Германија, а неговото име е Филип Шумахер. Тој веќе две години активно се занимава со фотографирање. Инспириран е од познатите фотографи Алекс Стодард, Роузи Харди и Брук Шаден, кои својата работа ја споделуваат на „Фликр“. Тој за нив вели:
„Мислам дека тие се неверојатно талентирани и нивните фотографии навистина инспирираат. Луѓето како нив ме тераат да создавам уште повеќе фотографии, бидејќи сакам да станам добар како нив. Еден ден сакам да станам како некој од нив.“
Гледајќи ја неговата селекција на автопортрети, ќе се чувствувате како да сте букирале билет во еден правец за некој чуден и нереален сон. Неверојатна фантазија! Доколку ви се допаѓа неговата работа, посетете го неговиот веб-сајт, Фликр-профил или неговата страница на Фејсбук. .
„Никогаш не одам на сликање мотивиран да создадам нешто магично. Тоа си доаѓа спонтано преку реализација на мојата идеја. Најверојатно тоа е така бидејќи мојата работа е навистина надреална, како и мојата техника на понатамошна обработка на фотографиите.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Deckovo e maksimalno gej <3