Претходно
ZIIIRO: Неверојатно кул часовник
Колку ви е важен состанокот со колегите или пак резервираната вечера? Дали ќе има големо влијание ако задоцните неколку минути? А, ако се замислите подобро, во овие модерни времиња, сите имаме часовник на својот мобилен телефон што ни го покажува точното време во часови и минути. Ова значи дека слободно можете да експериментирате со додатокот што ќе го ставите на вашиот рачен зглоб… нешто минималистичко, моден детаљ, нешто модерно и впечатливо. ZIIIRO часовниците се перфектно надополнување на вашиот животен стил. Делот што се наоѓа во средината на овие часовници кој всушност го покажува времето, може да се отстрани и да се замени со друг, во друга боја. Еден ден имате црн часовник, а веќе следниот, ќе ги изненадите сите околу вас со жолт.Инаку, делот што се менува, се состои од два ротирачки кругови кои избледуваат кон едниот крај, а со другиот крај со којшто ги покажуваат минутите и часовите, завршуваат во полукруг. Часовникот навистина претставува прекрасна уметност за време. Доаѓа во две варијанти во зависност од материјалот и во мнооогу бои.Исто така постои и бесплатна апликација за iPhone со ист интерфејс како и часовнициве и истата можете да ја преземете бесплатно од Apple Store.