Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Сега е 2018 година, а ние сè уште се грижиме за полначот којшто сме го оставиле вклучен во штекерот, пеглата што сме заборавиле да ја исклучиме, лаптопот којшто сме го оставиле вклучен цела ноќ или што сме заборавиле да ја испразниме батеријата на мобилниот телефон до 0%, за да не се расипе. Прашањето е дали навистина е потребно да се грижиме за овие работи или не? Без разлика што уредите коишто ги користиме денес се нови и попаметни, нашето познавање за нив е прилично застарено.

Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Затоа, денес со вас ќе ги споделиме одговорите на најчестите прашања поврзани со полнењето на електричните уреди.

Мит #1: Не треба да го полните паметниот телефон додека спиете навечер

Благодарение на модерните литиум-јонски батерии, можете без никаква мака да го полните телефонот во текот на ноќта, додека спиете. Овие батерии имаат контролори коишто го стопираат полнењето, кога батеријата ќе се наполни до 100%. Последователно на ова, значи дека не треба да се плашите дека ќе предизвикате пожар или дека батеријата ќе се расипе, ако го полните телефонот секоја вечер додека спиете.

Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Единствената работа за којашто би требало да се грижите ако го полните телефонот секоја вечер, е неговото евентуално прегревање. Бидејќи распределбата на топлината не е совршена, сепак оставањето на телефонот цела вечер на полнач, може да не е баш најдобрата идеја. За да не купите модел на телефон којшто ќе има проблем со прегревањето, внимателно прочитајте ги онлајн коментарите од другите корисници на тој модел на уред.

Мит #2: Морате да ги празните батериите на уредите до 0%

Ајде уште малку да подискутираме за лутиум-јонските батерии. Работата е во тоа што, тие имаат ограничен број на циклуси на полнење. Така на пример, батеријата на еден Ајфон, може да се полни околу 500 пати. Под циклус, се мисли на целосно полнење на батеријата од 0% до 100%. Ако на пример, ја дополнувате батеријата од почетни 90% до 100%, тогаш трошите само 1/10 од циклусот. Со цел да не трошите по цел еден циклус на секое полнење на батеријата, доколку имате шанса подобро е да го полните вашиот телефон неколку пати во текот на денот. Според стручњаците, вашата батерија ќе работи подолго време, ако ја полните некаде од околу 40-80%.

Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Во минатото, експертите препорачуваа да се празни батеријата до 0%, но денес сè повеќе батерии имаат вграден калибрирачки уред. Овие паметни батерии ја намалуваат потребата од калибрација, но ако телефонот започне да реагира чудно и почнува многу брзо да му се троши батеријата, препорачливо е одвреме-навреме да го празните и да го полните до крај.

Мит #3: Не треба да го оставате полначот во штекер после употреба

И покрај тоа што оставањето на полначот во струја е погодно, бидејќи нема да морате постојано да го барате низ домот, сепак конвенционалните правила за безбедност велат дека полначите треба да се вадат од штекерот, веднаш откако ќе ги употребите. Ова е така, бидејќи може да настане пожар предизвикан од струен удар.

(4) Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Како и да е, ваквите ситуации се случуваат многу ретко во градовите, па оваа мерка на претпазливост е практично бескорисна. Меѓутоа, постојат 4 ситуации во коишто полначот сепак треба да се вади:

  • Вашата куќа нема громобранска заштита, па често се случуваат струјни удари и снемува струја.
  • Имате домашни миленици коишто слободно се движат низ куќата. Тоа значи дека тие можат многу лесно да го гризнат кабелот за напојување, па подобро е тој да е изваден од штекер.
  • Протекува вода кај вашите соседи во зградата.
  • Вашиот кабел за напојување многу се загрева или прави звуци, дури и кога не е приклучен на уредот. Во овој случај, побезбедно ви е да го замените полначот со некој нов отколку да го менувате целиот стан.

Согласно на ова, само од вас зависи дали ќе го оставите полначот вклучен или не. Како и да е, дефинитивно не треба да се грижите дека тој ќе се расипе.

Мит #4: Лаптопите може да престанат да работат ако постојано се приклучени на полнач

Она што погоре го зборувавме за батериите на паметните телефони, се однесува и на лаптопите. Современите батерии, го блокираат понатамошното полнење на батеријата кога таа ќе се наполни до максимум. Експертите препорачуваат, за секој случај да ја трошите батеријата до 0% еднаш во месецот.

Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

Најчесто грешките коишто ги прават корисниците се причината за расипувањето на електричните уреди, а не самиот кабел за напојување. Прегревањето на уредот или работењето во лоши услови, се најчесто причината зад настаните штети.

Заклучок: Модерната технологија е толку напредната, што немаме потреба да се грижиме зошто сме го оставиле кабелот за напојување вклучен цела ноќ. Реално, ако реагираме параноично, треба да ги извадиме сите кабли од струја, почнувајќи од кабелот на телефонот и завршувајќи со тој од фрижидерот.

Може да ве интересираат и овие 10 генијални пронајдоци за коишто немавте идеја дека постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Остави коментар