Водич за купување HD-телевизор

Водич за купување HD телевизор

Размислувате за купување нов телевизор со висока дефиниција? Подгответе се за живописно блаженство. Разликата помеѓу високата дефиниција (HD) и стандардната дефиниција е како помеѓу ден и ноќ. Од појавувањето на првиот телевизор во боја во 1946, немаше некои значајни промени во технологијата. Секако, се појавија далечинските управувачи, големите екрани, сателитското пренесување, но квалитетот на сликата, горе-долу остана ист.
(5) Водич за купување HD-телевизорКога се појавија HD телевизорите, беа ограничени само на примање на HD сигнал. Првите корисници на ваквите телевизори, не ги почувствуваа сите придобивки од технологијата. Подоцна, благодарение на технологијата Digital Light Processing (DLP), HD телевизорите станаа подостапни и сè повеќе луѓе почнаа да ги имаат во своите домови. Така, HD телевизорите станаа стандард.

Ако веќе решивте да се почестите со вакво блажено парче технологија, еве 5 совети кои ќе ви помогнат да одлучите што поточно сакате да купите и колку пари треба да одвоите, согласно тоа.

1. Земете предвид како ќе го користите вашиот HDTV

Пред воопшто да размислите да купите HD телевизор, запрашајте се какви програми ќе гледате на вашиот телевизор.

Иако гледањето телевизија во HD дава појасен приказ од стандардната дефиниција, сепак некои телевизори може да ја рендерираат сликата поинаку од други, во зависност од технологијата која ја користат.

Ако претежно гледате спортски натпревари или друг тип на содржини кои ги одликуваат брзо-движечки акции, сериозно треба да размислувате за плазма HD телевизор. Плазма телевизорите се познати по тоа што ја рендерираат сликата подобро од другите технологии, особено оние со LCD. Производителите на HDTV ги подобруваат брзините на освежување на LCD телевизорите што помага да се намали замаглувањето кога се прикажуваат акциски снимки. Ако често сакате да викате луѓе кај вас дома за да гледате натпревари заедно, дефинитивно плазма треба да биде вашиот избор.

Втора работа е резолуцијата. Повеќето луѓе би ви рекле дека најдобро е да купите телевизор со резолуција од 1.920×1.080 пиксели, но зависно од големината на собата и местото од кое ќе гледате телевизија, може подобро да биде да земете со резолуција од 1.280×720 пиксели.

Ако обожавате да гледате филмови, веројатно имате голема колекција од дивидија, па можеби дури и блу реј плеер. Ако сте од овие вториве, резолуција од 720p едноставно нема да ви заврши работа, бидејќи блу реј технологијата ја одликува повисока резолуција од онаа која ја поддржуваат дивидијата, па за да го извадите максимумот, ќе мора да земете телевизор со 1080p.
(1) Водич за купување HD-телевизор

2. Споредете ги различните HDTV технологии

Луѓето најчесто се бунат при изборот на технологијата на која работи нивниот иден HD телевизор. Еве ги добрите и лошите страни кај секоја од нив:

Direct-view: Првите HD телевизори со оваа технологија беа добри, но нив брзо ги заменија оние со други технологии. Денешните direct-view HD телевизори се помали и одговараат за помали соби.

Rear projection LCD-ја: Овие телевизори во последно време се повеќе ги заменуваат оние со DLP технологија, но и понатаму можат да се најдат, и тоа не се скапи. Кај овие телевизори LCD панелите и ламбите ги прават светлите бои посветли, а темните потемни, а замената на ламбите и прилично скапа.

Популарните телевизори со LED заднинско осветлување, се најчесто направени со LCD технологијата.

DLP-ја: Овие се популарни заради нивната релативно ниска цена. Квалитетот на сликата континуирано се подобрува и т.н. ефект на виножито значително се намалува (Ефект на виножито е краток блесок од црвена, сина и зелена сенка која се забележува во моменти кога има висок контраст помеѓу подвижни светли елементи на темна основа.
Најпознат пример е при листање на екипата на крајот од филмовите, како и во анимации кога објектот што се движи има јака црна рамка).

Flat panel LCD-ја: Во последно време, LCD телевизорите станаа најпопуларни помеѓу оние со HD. Кога произведувачите ја надминаа големината од 42 инчи, продажбата значајно почна да расте.

Plasma: Најдоброто кај плазмите се светлите светли и јаките темни бои. Исто така, тие се полесни и полесно се закачуваат на ѕид.

Проектори за домашно кино: DLP и LCD проекторите ја користат истата технологија како HD телевизорите, само на поголема слика. Затоа, проектор може да не е за секого. Потребна ви е голема соба со многу простор за проектирање и многу малку или воопшто амбиентално светло.
(2) Водич за купување HD-телевизор

3. Цена и квалитет на сликата

Цените на HD телевизорите веќе станаа разумни, но и понатаму разликата помеѓу нив е голема. Причината е во квалитетот на сликата и сетот што го вклучуваат. Има компании кои се познати по остри и живи екрани, но ако одлучите врз основа на овој податок, може да платите повеќе само заради брендот. Последното достигнување во HD технологијата го имаат телевизорите кои ги карактеризира брзина на освежување од 120 Hz, што е двојно повеќе од стандардните телевизори.

За фановите на филмовите: стандарден телевизор со брзина на освежување од 60 херци, освежува ½ од екранот 30 пати во секунда, а другиот дел уште 30 пати во секунда, што е вкупно 60 пати. Бидејќи филмовите се снимаат со брзина од 24 фрејма во секунда, а телевизорот се освежува 60 пати, разликата помеѓу брзината на фрејмовите и брзината на освежувањето може да резултира со тресење на сликата.

За да се намали овој проблем, производителите користат т.н. 3:2 pull-down технологија која ги изедначува брзината на освежување и брзината на менување на фрејмовите. ТВ кои користат 120-херцна брзина на освежување, па дури и најновите со 240 херци, не само што почесто се освежуваат, туку и 24-те фрејма во секунда од филмот се делат еднакво во брзината на освежување и сликата изгледа помазно без да се користи споменатата 3:2 pull-down технологија. Ако гледате многу филмови, веројатно вреди да вложите малку повеќе пари за да земете ТВ со барем 120-херцна брзина на освежување.
(3) Водич за купување HD-телевизор

4. Избор на најсоодветната големина

Пред да појдете во продавница, најдобро е да си ја измерите собата во која планирате да го поставите вашиот нов телевизор.

Прво, измерете ја целата соба и запишете ги димензиите. Ова ќе ви помогне да изберете големина соодветна за вашата соба и звучници, ако планирате да правите домашно кино.

Потоа, изберете го местото каде ќе го поставите телевизорот и измерете го тој дел. Ако планирате да го сместите телевизорот во отвор од плакарот, земете го тоа предвид.

На крајот, испланирајте од каде точно ќе гледате телевизија. Измерете ја областа до централното место за седење.
Генерално, колку поблиску седите до телевизорот, толку повеќе сликата ќе се расипува, бидејќи човечкото око ги фаќа несовршеностите кога гледа одблизу. Но, со HDTV ова не е случај како со оние со стандарден квалитет, па независно колку блиску седите, квалитетот на сликата ќе биде ист.

Изборот на големината на телевизорот е многу важен, а претходните мерења се есенцијални. Кога ќе влезете во голема продавница за електроника многу телевизори може да ви изгледаат мали, но кога ќе го донесете избраниот дома, може да сфатите дека е неразумно голем за вашиот простор.
(4) Водич за купување HD-телевизор

5. Набавете ги неопходните додатоци

Доколку гледате HD телевизија преку кабелски или сателитски оператор, потребни ви се неколку работи. Прво, ви треба HDMI или компонентен видео кабел за да го приклучите на вашиот сет-топ бокс. Земете предвид дали вашиот HD телевизор има вграден HD тјунер. Повеќето нови HD телевизори имаат вградени, но ако тоа не е случај, ќе треба да си набавите. Разговарајте со вашиот провајдер на ТВ канали доколку вие треба да купите кабел или пак тие ќе дојдат да ви го постават како дел од нивните услуги.

——————————————————————————————————————————————————————–

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар