Внимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страниците
Кога ќе притиснете „Like“ на некоја фан-страница на Фејсбук, постовите од таа страница почнуваат да се појавуваат во вашиот „newsfeed“. Но, согласно новите измени на Фејсбук, со тек на време, постовите сè поретко ги гледате, а може и тотално да исчезнат од вашиот фид со вести. Мислите дека е ова луда работа?Најверојатно е, но фан-страницата нема никаква врска со ситуацијава. Станува збор за „EdgeRank“, ладнокрвна алгоритамска програма креирана од страна на Фејсбук, која одредува што ќе видите, а што нема да видите кога ќе се најавите на вашиот профил на Фејсбук. Постовите кои се јасни и лесно разбирливи и не го провоцираат фанот да кликне на нив, поминуваат лошо, ја губат својата популарност, а огромен број од фановите, не ги ни гледаат.
Ова значи дека, доколку не ги посетувате честопати страниците на кои сте фанови, не кликате на нив, не стискате „Like“, „Share“ и не коментирате на постовите, „EdgeRank“ ќе престане да ги прикажува во вашиот фид со вести. Во превод, тоа значи дека доколку не комуницирате масовно со фан-страницата, нејзините постови масовно ќе почне да ги снемува од вашиот фид.
Целта на Фејсбук е да почне да наплаќа за објавите кои ги правите во вашата фан-страницата, доколку сакате таа да стане популарна, а мора да се потенцира дека цената е навистина висока, нели?!Доколку сметате дека Фејбсук не треба да ви го скратува правото да ги гледате објавите на фан-страниците на кои по своја волја сте решиле да притиснете „Like“, еве како можете да си помогнете:
- Посетете некоја страница на која сте фан, на пример страницата на Кафе пауза
- Застанете со курсорот од глувчето врз копчето „Like“ или кликнете на него, доколку не ви се отворат опциите. Ако пак не ги гледате опциите, бидете упорни, копчето може да ве зафркава.
- Кога ќе ви се отвори паѓачкото мени, кликнете на опцијата „Show in News Feed“.
Теоретски, доколку оваа опција ви е обележана, ќе имате можност да ги гледате сите повеќето постови во вашиот фид. Тешко е да се процени дали оваа опција навистина работи вака. За да го дознаеме тоа треба секојдневно да ги посетуваме сите фан-страници кои ни се допаѓаат, за да провериме дали е тоа точно. Но, кој има време за тоа?!
Новиот начин за наплата на Фејсбук е измислен со цел да си го зголеми својот приход. За жал, оваа опција претставува убиец на разните непрофитни страници, кои изградиле значајна комуникација со своите фанови. Оние сопственици на фан-страници кои имаат длабок џеб, ќе имаат можност да ги го откупат нивниот простор во „newsfeeds“, но оние кои немаат неограничен буџет, ќе станат невидливи, благодарение на новата „измама“.
Бидејќи мнооогу голем дел од вас, нашите верни фанови нема ни да го видат, а не па да го прочитаат овој текст, ве замолуваме вас, малкумината, да го споделите до вашите пријатели на Фејсбук, Твитер, Гугл Плус , Пинтерест, блог…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
And so it begin…the end of Facebook.
А зарем вие сега дознавте за ова?
Тој начин на маркетинг на FB веќе го користи 2-3 години со ред. И не го измисли FB туку прв Google. Колку една статија/реклама е покликана од фановите толку цената за која плаќаш за рекламирање се намалува. На таков начин FB ги мотивира тие што сакаат да се рекламираат да ставаат интересни реклами кои луѓето ги сакаат и да таргетираат само луѓе кои би биле заинтересирани за тој производ/услуга. Ако не те кликаат автоматски не си интересен и статиите полека почнува да ги снемува…
Ако сакате да се рекламирате на FB мора да платитe, освен ако немате некоја случајно многу популарна фан-страница која има спобрано 10-15.000 фанови со текот на времето.
Нормално дека FB ќе наплаќа за фан страниците, секој од нешто прави профит. Работата е како со најмалку пари да успеете да таргетирате најголем број на фанови кои ќе кликаат на вашите постови.
ФБ е ефтин и корисен за рекламирање.
И од каде го знам јас ова? Го работев тоа извесен период…