Топ 15 бесплатни игри за Андроид

Топ 15 бесплатни игри за Андроид

Нема причина да не ги сакате игрите наменети за Андроид. Тие најчесто се бесплатни и можете да ги играте секаде и во секое време. Па, без разлика дали сте нов корисник на Андроид, или едноставно барате нешто забавно за правење, погледнете ги 15-те најдобри бесплатни игри со кои можете да си го исполните слободното време.

1. Plague, Inc.

(1)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Ова е можеби една од најмрачните игри. Целта на играта е да ја убиете целата популација на земјата со вирус кој вие ќе го креирате. Од нејзиното пуштање во 2012 година, оваа игра има добивано само позитивни критики.

2. Asphalt

(2)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Оваа игра си ја заслужила титулата за најдобра апликација за тркање. Во најновата верзија можете да одбирате помеѓу 130 автомобили, вклучувајќи Ферари, Ламборгини и Шевролет и можете да ги средувате по ваш вкус.

3. Fallout Shelter

(3)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Оваа игра е бесплатна само затоа што била некој вид реклама за добро познатата видео игра Fallout 4. Но, луѓето ја прифатија играта многу добро, па таа стана хит кај корисниците на Андроид.

4. Pac-Man 256

(4)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Оваа модерна верзија на познатата игра ги содржи сите класични елементи кои ги сакаме кај оригиналот, но со повеќе забава, потешки нивоа и подобра графика.

5. Hearthstone: Heroes of Warcraft

(5)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Ако сте обожавател на познатата World of Warcraft, тогаш ќе уживате и во оваа игра. Играта е стратегија со карти и е достапна и за компјутер.

6. Clash Royale

(6)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Спин-оф на популарната Clash of Clans, оваа игра е дуел кој комбинира елементи на одбрана, стратегија и собирање карти.

7. Plants vs. Zombies

(7)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mk

Веќе модерна класика, играта која прв пат беше објавена во 2009 година се прослави заедно со смартфоните. И да не го заборавиме фактот дека го следи зомби трендот уште од почетокот.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар