Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно

Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно

Без разлика дали имате врска на далечина или едноставно сè уште не живеете заедно со вашиот партнер, сигурно она што најмногу ви недостасува е да знаете кога тој/таа ќе си легне во кревет и ќе потоне во длабок сон. После сите завршени дневни обврски, едноставно би сакале да можете да се гушнете и заедно да заспиете, нели?! 🙂Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно Со овој интересен концепт за перница, не само што ќе знаете точно кога вашиот партнер ја ставил главата врз перница, туку и ќе го слушате ритамот на неговото срце. Секој од партнерите има посебно дизајнирана перница и двајцата носат по еден безжичен прстен кој има сензор. Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно Кога едната половина од парот ќе си легне во кревет, перницата кај другиот партнер почнува нежно да свети, што му дава знак дека е време да си легнат „заедно“. Кога и вториот партнер ќе си легне на осветлената перница, двајцата ќе почнат да го слушаат биењето на срцето на својот љубен/а во реално време и ќе се почувствуваат блиско, наспроти нивната физичка оддалеченост.

Концептот „Pillow Talk“ е развиен од страна на Џоана Монтгомери во 2010 година и таа оттогаш добила неколку награди за иновација, па поради големата популарност на производот, успеала да ги собере потребните финансиски средства преку сервисот за донации Kickstarter, за да може да ја отвори својата фирма „Little Riot“ и да започне со производство на прототипот на оваа перница. Би си ја купиле?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар