Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“

Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“

Фотоапаратот „Ubi“ е уште еден несекојдневен изум на Јапонците. Овој фотоапарат нема ниту дисплеј, ниту визир (viewfinder). Што ќе содржи вашата фотографија зависи од тоа како ќе ги поставите прстите, бидејќи во овој случај тие ја преземаат улогата која ја имаат визирот и дисплејот. Значи, палците и показалците се поставуваат во форма на правоаголник и со тоа се обележува рамката на фотографијата, а за да сликате потребно е да притиснете со палецот на копчето кое се наоѓа од страна.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Фотоапаратот има сензор кој го мери растојанието помеѓу лицето на фотографот и самиот фотоапарат. Измереното растојание се користи за зумирање. Иако зумирањето се прави дигитално преку компјутерот, потребно е да се знае колкаво е растојанието за да се постави соодветно и зумот.

Засега фотоапаратот е поврзан со компјутер, но во иднина планираат да дизајнираат самостојна верзија. Уште една работа која планираат да ја променат е сензорот за растојание. Засега тие користат инфрацрвен сензор кој може да направи проблем при детекцијата на лицето на фотографот поради светлина од околината, па затоа планираат да го заменат со техниката на препознавање ликови.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Овој концепт е развиен од истражувачката група во јапонскиот институт за современа уметност и наука. Моменталната верзија на фотоапаратот е 1.0. Иако „Ubi“ има недостатоци и изгледа доста чудно и недоволно софистицирано, тој има потенцијал да премине во нешто воодушевувачко во следната 2.0 или 3.0 верзија.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар