„Solowheel“ – електричен велосипед на едно тркало
Фирмата Inventist е пронаоѓачот на ова мобилно превозно средство наречено „Solowheel“. Самобалансирачкиот електричен велосипед на едно тркало, е придвижуван од литиум-јонска батерија од 1000 вати. Целосно наполнета (полнењето одзема 45 минути), „Solowheel“ може да издржи 2 саати возење. Интересното е што батеријата се полни и кога го возите тркалото по надолница. Максималната брзина којашто може да ја постигне е 20 километри на час.
Тркалото тежи 9,1 килограм и се состои од само неколку додатни елементи на страните за давање правец, па после патувањето лесно можете да го ставите во торба или во ранец, за да продолжите кон дестинацијата кон која сте се упатиле. „Solowheel“ на пазарот можете да го најдете за цена од околу 1.500 американски долари.
gluposiii! Ova ne e niso so lici na velosiped! Koa vozis velosiped bar gi mrdas nozete… a ova si stois i te vozi… use malce nema ni tocak da vozime -.-
не ми се допаѓа оваа направа наречена велосипед.-.- е ај да почнеме со вакви да се “движиме” и после ни кондиција,ни ништо нема да имаме…мускулатурата ке ни пропадне и ке бидеме ко некои дебилчиња.-.-