SmartWatch – рачен часовник и смартфон во едно
Се чини дека им нема крај на олеснувањата на секојдневните активности кои ги овозможува денешната технологија. Ако до пред извесно време бевме импресионирани од можноста каде било да сурфаме на интернет или да гледаме телевизија на мал мобилен уред, сега веќе можеме да проверуваме мејл и да се вклучуваме на социјалните мрежи преку рачен часовник.Новиот чудесен гаџет е спој од рачен часовник и смартфон. Произведен e од Сони и е наречен Sony SmartWatch. Функционира така што уредот во форма на рачен часовник кој е закачен на раката е поврзан со смартфонот преку блутут технологија. Тоа овозможува на него да се читаат СМС-пораките и мејловите, да се посетат социјалните мрежи, па дури и да се контролира камерата на смартфонот. За да се ужива во сето ова, претходно е потребно само да се инсталира апликацијата LiveWare. Sony SmartWatch е достапен за 150 американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
sony i se e mozno