Симнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, што ќе ви ја направат 2017-та уште подобра
Годишната листа за најдобрите апликации е веќе готова, па доколку сѐ уште ги немате овие на вашиот телефон, тогаш со сигурност треба да направите место за нив. Некои од нив ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, додека пак другите ќе ви ветат подобри фотографии за Инстаграм. Погледнете кој избор на апликации треба да го направите, со цел да ја направите 2017 година подобра.
1. Prisma
Оваа апликација (ајфон, андроид) е бесплатна и ќе ви помогне вашите фотографии да ги претворите во вистинска уметност, при што секој на Инстаграм ќе ви завидува.
2. MSQRD
Ако сакате да си играте со филтри, не барајте ништо повеќе, затоа што тука е MSQRD (ајфон, андроид). Оваа апликација е бесплатна и ви овозможува да фотографирате со многу забавни маски и ефекти.
3. Quartz
Со оваа бесплатна апликација (ајфон, андроид) ќе можете да имате кратки извори за најновите вести, надополнети со емотикони и други паметни и интересни нешта.
4. Vogue
Ако сакате да бидете во тек со најновите модни вести и трендови, тогаш оваа апликација (ајфон, андроид) е вистинската за вас. Таа е бесплатна и ќе ви овозможи да следите осум статии секој ден, кои се наменети за вас и се базираат на вашите интереси.
5. Meditation studio
Сакате да ја започнете добро новата година? Тогаш симнете ја оваа апликација (ајфон, андроид) која чини 4 долари и ве учи како да станете повнимателни.
Погледнете уште четири корисни апликации на наредната страница…