Што не смеете да пребарувате на Интернет?
Повеќето од нас се навикнати на Гугл да пребаруваат одговори на најразлични прашања – од рецепти до медицински совети и онлајн банкарство. Gadgets Now открива дека на Гугл никогаш не треба да пребарувате вакви веб-страници.
Многу луѓе забораваат дека Гугл е само онлајн платформа, преку која наоѓате веб-страници што ги нудат информациите што ги барате. Гугл нема своја сопствена содржина, така што за тоа што пребарувате, можеби нема да ви даде точен одговор или информација.
На Гугл постојат многу лажни страници за онлајн банкарство. Најдобро е да не ја пребарувате на Гугл веб-страницата на вашата банка, освен ако не ја знаете нејзината точна адреса.
Секогаш внесувајте ја официјалната URL-адреса за пристап до веб-страницата за да бидете безбедни, а причината за тоа е што веб-страницата што изгледа како да е на вашата банка може да ви ги украде приватните информации и вашата лозинка.
Исто така, една од најпопуларните онлајн измами е објавувањето лажни веб-страници на компании и контакт броеви од корисничките служби.
Гугл дефинитивно не е ни вистинското место за да ги барате соодветните лекови. Gadgets Now советува да се консултирате со лекар и да не се потпирате на информациите на Гугл за потенцијалните заболувања.
Исто така, многу е опасно да купувате лекови врз основа на информациите што сами сте ги пронашле на Интернет.
Прочитајте како да ја видите и да ја избришете вашата историја на пребарувања на Гугл.