Шест апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете толку друштвени
Инстаграм има многу одлични одлики што го прават интересен за користење. Освен можноста да објавувате слики и видеа, апликацијата ви овозможува и приватно да комуницирате со другите корисници, да споделувате приказни од вашиот ден и да истражувате различни профили. Инстаграм претставува место каде што можете да ги видите ажурирањата во врска со животот на луѓето, да погледнете убави места за патување или да се восхитувате на нечиј моден вкус. Најмногу од сè, можете да се инспирирате од идеите на другите луѓе, како и да се изразите себеси.
Додека можноста да се поврзете со милиони луѓе на Инстаграм може да звучи како сон за некои корисници, за други тоа може да биде неприфатливо. Понекогаш, само сакате да се опуштите и да побарате инспирација, без да се чувствувате присилени да проверите колку лајкови има вашата објава или колку коментари имаат пријателите на своите фотографии. Во тој случај, има многу апликации како Инстаграм што не се толку друштвени.
1. Pinterest
Иако Pinterest е прилично популарна апликација, со своите 291 милион корисници е многу помала од Инстаграм кој го користат 1 милијарда корисници. Но, Pinterest е одлична опција ако сакате да споделувате креативни објави и идеи без сите оние социјални интеракции коишто се карактеристични за Инстаграм. Иако луѓето можат да коментираат на објавите на Pinterest, а сега и да испраќаат приватни пораки до другите корисници, апликацијата повеќе се фокусира на содржината, отколку на поединецот што ја создава. Плус, ви дава можност да се движите низ еден куп забавни, инспиративни слики без премногу детали за личните животи на корисниците.
2. Flickr
Ако главната причина што го сакате Инстаграм е можноста да споделувате фотографии, Flickr e можеби најдобрата алтернатива за вас. Апликацијата ви овозможува да уредувате фотографии и потоа да ги споделите со гео-ознака од вашата локација на сличен начин како на Инстаграм. Сè уште можете да испраќате пораки и да коментирате на профилите на другите луѓе, но апликацијата промовира пронаоѓање инспирација и не е само профил за лични фотографии. Според упатствата на страницата, не можете да промовирате комерцијална содржина. Значи, ако спонзорираните реклами беа причина зошто не го користите Инстаграм, овде за тоа не мора да се грижите.
3. VSCO
Веројатно сте слушнале дека инфлуенсерите на Инстаграм го споменуваат VSCO и дека ја користат оваа апликација за уредување на своите слики. Но, и покрај оваа популарност, VSCO е одлична апликација за споделување фотографии без притисоците што ги прават платформите на останатите социјални медиуми. Додека апликацијата има огромна разновидност на уникатни филтри и на алатки за уредување на вашите фотографии, не им дозволува на корисниците да лајкнуваат или да коментираат на фотографиите на другите луѓе. Апликацијата го задржува фокусот на фотографијата, што ја прави одличен избор за оние кои сакаат Инстаграм без искуство на социјална мрежа.
4. Retrica
Ако се сеќавате на нешто од 2012 до 2014 година, тогаш мора да се сеќавате на Retrica. Па, можеби е време да ја вратиме назад. Retrica е апликација која ви овозможува да објавувате слики и видеа на вашиот профил. Исто така, ви овозможува забавни филтри за играње (повеќе од понудите на Инстаграм), па дури и ви овозможува да креирате и да споделувате GIF-ови, нешто што Инстаграм сè уште го нема понудено. Плус, со само околу 50.000 посетители месечно, ќе пронајдете мала испреплетена заедница со која ќе можете да споделувате фотографии и од која ќе црпите инспирација.
5. We Heart It
We Heart It е страница што е слична на Инстаграм, како и на други креативни страници за споделување фотографии, како што е Pinterest. Исто така, достапна во форма на апликација, создава простор каде што можете да споделувате не само слики и видеа, туку и статии и инспиративни цитати. Постои полето Discover (Откријте) слично на полето Explore (Истражете) на Инстаграм, каде што корисниците можат да видат кои слики и канали се во тренд. Плус, што е тоа што навистина ja издвојува од Инстаграм? Не можете да коментирате ништо. Ова значи дека можете слободно да објавувате што сакате, без да чувствувате притисок од коментарите што би можеле да ги напишат вашите пријатели или пак, некои непознати личности.
6. Imgur
Ако се чувствувате непријатно од Инстаграм поради тоа колку е потенцијално сериозен (Инстаграм може да биде многу личен за некои луѓе), Imgur може да биде вашата следна најдобра апликација. Иако апликацијата ви овозможува да споделувате фотографии и видеа (долги до 60 секунди) на ист начин како на Инстаграм, Imgur нуди поедноставно и помалку лично искуство за корисниците. Плус, ако навистина сакате мемиња и GIF-ови, со оваа апликација можете многу да се забавувате.
Само затоа што Инстаграм e можеби премногу за вашите лични желби, не значи дека треба да пропуштите да се забавувате и да не споделувате и да не објавувате слики, да не пронајдете инспиративни коментари или да не откриете нови работи.
Погледнете ги и овие нови интересни апликации за љубителите на уметноста.