Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок
7. Memory Trainer
Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS
Целта на оваа апликација е да ги опфати сите аспекти на меморијата на корисникот, не оставајќи место за изговори – особено не за заборавање на годишнини и други важни прилики. Таа се служи со методи како „потсетување на информацијата“ преку различни вежби.
8. Braingle
Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS
Braingle овозможува тренирање на мозокот, но со забавен пресврт. Таа им помага на корисниците да ја одржат бистрината додека ги подобруваат нивните способности за заклучување преку загатки и оптички илузии. Апликацијата исто така дозволува да се натпреварувате со други корисници преку решавање загатки.
9. Elevate
Цена: Бесплатна верзија со можност за надградување (44,99 долари годишно)
Достапна на: iOS и Android
Последна, но не ни помалку важна е Elevate – апликацијата која цели кон помош на корисниците да ја подобрат нивната моќ за обработување податоци, меморија и концизност преку едноставни игри кои го стимулираат мозокот.
Корисниците најпрво го одбираат аспектот на мозокот кој би сакале да го подобрат – може да се избере помеѓу способност за решавање проблеми и зачувување на информации, а потоа можат да изберат колку често би сакале да го тренираат нивниот мозок.
Сѐ се забележува и оценува, така што корисниците секоја недела можат да се фокусираат на подобрување, а тешкотијата на тестовите автоматски се прилагодува за корисникот постојано да биде предизвикуван.