Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок
4. Fit Brains Trainer
Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS и Android
Оваа апликација им дозволува на своите корисници да учествуваат во околу 360 игри и загатки кои имаат за цел да ја подобрат менталната бистрина преку различни ментални задачи. Како што корисникот го совладува секое ниво, така игрите стануваат потешки. Апликацијата овозможува да се следи напредокот и перформансот. Исто така нуди препораки за вежбање на мозокот преку кои ќе се постигнат најдобрите резултати.
5. Eidetic
Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS
Благодарение на стратегијата која е позната како „интервално повторување“, оваа апликација им помага на корисниците да меморираат сѐ: од прашања до значајни факти. Она што ја разликува оваа апликација од другите е тоа што таа користи нешта кои имаат значење за корисникот –мобилниот телефон на партнерот, информации за банкарската сметка, родендени на пријателите или цитати. Апликацијата преку повремено повторување на тестовите им овозможува на корисниците да ги зачуваат информациите во долготрајната меморија. Исто така има известувања кои ќе ве потсетат дека е време за размрдување на мозокот.
6. Relief Link
Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS
Оваа апликација ја направила Надин Каслоу за да го спречи порастот на стапката на самоубиства. Освен тоа, Relief Link може да се употребува за следење на расположението. Она што е значајно за неа е што вклучува уникатни методи за справување со депресија и мисли за самоубиство – вклучувајќи покажување грижа, вежби и музика за опуштање. Исто така содржи мапа која лоцира психотерапевти, групи за поддршка и установи за ментално здравје.