Сега можете да истражувате други месечини и планети со Google Maps

Сега можете да истражувате други месечини и планети со Google Maps

Ако имате желба да ја истражувате вселената, имаме добри вести за вас. Од Гугл ја претставија новата опција на Google Maps со која можете да ги истражувате планетите како Венера, Меркур и Плутон, па и неколку замрзнати месечини во нашиот Сончев систем.

sega-mozhete-da-istrzhuvate-drugi-planeti-so-google-maps-kafepauza.mk

Оваа нова опција ви овозможува да се движите помеѓу неколку небесни тела, да ги ротирате и да ги доближувате планетите и месечините. Наводно, проектот бил инспириран од леталото Касини кое има испратено илјадници фотографии. Овие фотографии откриваат сосема нови делови од Јупитер, Сатурн, како и од нивните месечини.

„Пред 20 години беше лансирано леталото Касини на патување кое ќе ги открие тајните на Сатурн и неговите месечини. За време на мисијата, Касини направи и испрати речиси половина милион фотографии на Земјата овозможувајќи им на научниците да ги реконструираат овие далечни светови со неверојатни детали“, изјавиле од Гугл.

Бидејќи сè уште нема опција за пребарување, навигацијата може да ви оди тешко. Од друга страна пак, ова ви овозможува самите да се движите низ Сончевиот систем, што е навистина возбудливо.

Покрај Јупитер и Сатурн, можете да ги истражувате Церера, Ио, Европа и Мимас (замрзнати месечини кои најверојатно имаат вонземски живот.) Најстарата верзија на Google Мaps им овозможуваше на корисниците да ги гледаат Земјата, месечината, Марс, Меркур и Интернационалната вселенска станица, а овие опции ќе останат достапни и сега.

Иако има некои мали проблеми на кои треба да се поработи, сè на сè ова е одличен начин да го истражите нашиот Сончев систем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар