Пронајдоци кои ќе го променат светот: Погледнете зошто 2015 беше година на технологијата

Пронајдоци кои ќе го променат светот: Погледнете зошто 2015 беше година на технологијата

Уредите кои ќе ги видите во продолжение сигурно ќе ја направат нашата планета поубаво и посигурно место за живеење. Благодарение на еволуцијата на модерната технологија, 2015 година зад себе остави бројни иновативни гаџети и уреди кои би можеле да го променат модерниот свет.

Книга што ја филтрира водата


663 милиони луѓе ширум светот сè уште немаат пристап до чиста вода за пиење. Меѓутоа, пронајдокот наречен „Drinkable Book“ или „Книга што се пие“ може да го реши овој проблем. Имено, таа во себе содржи страници кои служат како филтер за водата и уништуваат 99 проценти од штетните бактерии. Овој пронајдок би можел да спаси милиони човечки животи ширум светот.

Океански вакуум

(2)-pronajdoci-koi-kje-go-promenat-svetot-poglednete-zoshto-2015-beshe-godina-na-tehnologijata-kafepauza.mk

Како резултат на тоа што голем број од луѓето не се грижат за животната средина, во Тихиот Океан се создал остров од ѓубре со големина на сојузната држава Тексас. Поради тоа „Ocean Cleanup Project“ развиле мрежа што плови, која е долга 100 километри, а под површината на океанот достигнува до три метри. Овој пронајдок ќе помогне заедно со природните океански струи да се собира ѓубрето, а овие мрежи нема да загрозат ниеден животински вид кој живее во океанот. Се очекува таа за десет години да го намали количеството на ѓубре во океаните за 42 проценти.

Камиони со екрани


 
Повеќе од илјада луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи, а меѓу главните причини за овие трагедии е лошата видливост при престигнување. Оваа година Самсунг и Лео Бурнет започнаа соработка која ќе ги донесе „транспарентните“ камиони на патиштата ширум светот. Овие камиони напред ќе имаат камера, а назад на приколката екран кој во живо ќе прикажува што се случува пред нив.

Microsoft Hololens


 
Иако паметните очила дизајнирани од Oculus Rift и Google Glass се појавија пред Microsoft Hololens, од тоа што го гледаме во рекламните видеа мора да признаеме дека Мајкрософт одат еден чекор напред. Овие очила во вашата околина ќе ви прикажат холограми кои ќе можат да се допрат. Покрај тоа што ќе го променат светот на видео игрите, тие ќе можат да се користат и во научни цели, па така научниците од НАСА со нивна помош ќе можат да ја симулираат површината на Марс во своите лаборатории, додека хирурзите ќе можат до најситни детали да го видат телото на своите пациенти.

Upright


 
Ако поголем дел од денот поминувате во седење на работното место и работите на компјутер, овој гаџет ќе го спречи искривувањето на вашиот ‘рбет, како и болката во грбот. Имено, секогаш кога неправилно ќе го искривите вашиот грб, Upright ќе ви испрати сигнал во вид на вибрации кој ќе ве предупреди да се исправите.

Sesame


 
Sesame всушност е паметна брава која ќе ви овозможи сигурност и можност никогаш повеќе да не се грижите дали сте го заклучиле вашиот дом. Бравата се контролира преку вашиот телефон и може да се заклучува и отклучува без разлика каде се наоѓате. Sesame исто така следи кој влегува и излегува од куќата.

Nora

(0)-pronajdoci-koi-kje-go-promenat-svetot-poglednete-zoshto-2015-beshe-godina-na-tehnologijata-kafepauza.mk

Ако спиете покрај некој што ‘рчи секоја вечер, Nora е тука да го реши вашиот проблем. Овој мал уред ја прилагодува перницата кога детектира дека некој почнал да ‘рчи, а токму тие мали движења ќе ги опуштат мускулите во грлото кои го контролираат ‘рчењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар